ARM најави нов процесор кој ќе овозможи ефтини паметни телефони

во Мобилни, Хардвер

Британската компанија за дизајнирање на чипови, ARM,најави нов процесор кој ќе им овозможи на производителите да прават далеку поефтини паметни телефони. Станува збор за процесорот со повеќе јадра, ARM Cortex-A7. Според компанијата, овој процесор е една петина од големината на веќе постоечкиот Cortex-A8, на кој работат повеќето денешни паметни телефони.

Целта на овој процесор е да овозможи производство на поефтини паметни телефони кои ќе ги имаат истите перформанси на денешните паметни телефони. Британската компанија се надева дека во 2013 и 2014 година сите паметни телефони под 100 долари ќе бидат напојувани од овој процесор. Според ARM, Cortex-A7 ќe троши една петина од енергијата која ја троши сегашниот Cortex-A8. Ќе биде базиран на 28 нанометарски производен процес, што им овозможува на производителите да го намалат бројот на струни кола, и со тоа процесорот да користи помалку енергија.

ARM исто така најави и дека новиот процесор ARM Cortex-A7 ќе го комбинираат со помоќниот процесор Cortex-A15 во напредните паметни телефони. Оваа комбинација е дел од нова архитектура наречена Big.LITTLE и ќе има за цел да штеди енергија. Па така, доколку е потребно да се изврши некоја тешка задача како веб рендерирање, тоа ќе го врши Cortex-A15, a задачите кои не бараат многу енергија, како што е телефонирање, ќе се вршат од страна на новиот помал процесор Cortex-A7, и со тоа ќе се заштедува енергијата на батеријата. Паметни телефони со ваква комбинација ќе се појават кога ќе излезе втората генерација на Cortex-A15 процесорите, а тоа ќе биде во втората поливина од 2012.

ARM е најголемиот производител на процесори за паметни телефони, меѓутоа со појавувањето на Intel на пазарот, очигледно е дека британската компанија мора да продолжи со иновација доколку сака да ја задржи светската доминација.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ѓорѓи
Ѓорѓи
10 years ago

http://arm.com/about/company-profile/index.php

"The ARM business model involves the designing and licensing of IP rather than the manufacturing and selling of actual semiconductor chips"

Има огромна разлика…

Ѓорѓи
Ѓорѓи
10 years ago

Британската компанија "ARM Holdings", не е производител на чипови, туку тие продаваат лиценци за ARM архитектура на процесори, за која тие ја имаат интелектуалната сопственост. Останатите компании (Intel, Samsung, NXP…) си произведуваат сопствени процесори базирани на ARM архитектурата.

Оние кои треба да продолжат со иновација се Intel, бидејќи ARM Holdings најавија дека ќе влезат во пазарот за процесори за генерална намена (процесори за лап топ-и, PC-а и сервери), а исто така Windows 8 покрај тоа што ќе работи на Intel и AMD, ќе работи и на ARM платформи.

Мартин
Мартин
10 years ago
Reply to  Ѓорѓи

Кој е одговорен за ARM архитектурата? Кој првично ја има произведено? Можеби ARM не ги произведува лично, ама пак е производител на процесори.