ARM и Intel заедно за интернет на нештата

во Веб, Хардвер

ARM и Intel надминаа дел од разликите и двете компании ќе соработуваат на интернет на нештата. Двете компании  објавија дека постигнале договор за стратешко партнерство за развој и менаџирање на интернет-на-нештата-уреди. Со партнерството ARM ќе ја користи стандардизација креирана од Intel и во своите уреди, a со ова секако уредите ќе бидат побезбедни, вели Reuters.

Главниот фокус на партнерството е безбедноста. ARM ќе ги имплементира стандардите на Intel и со тоа ќе се креира единствена и побезбедна технологија.

Поврзувањето на куп уреди во облакот овозможува дел од навистина, здодевните и често „нефлексибилни“ уреди да станат дел од најинтересните. Термостати, светилки, аларми, камери се дел од уредите чии отчитувања на сензори се „качуваат“ во облакот и оттука се прави подобар избор во иднина.

На ова поле двете компании не се преголеми конкуренти. Иако и Intel и ARM нудат производи на пазарот, главно се во различни делови. Малите процесори на ARM се користат директно во уредите. За разлика од ова, чиповите на Intel ретко се користат во уредите, но се користат во податочните центри во облакот кој ги обработува податоците.

Партнерството на компаниите ќе овозможи да се надмине еден од најголемите проблеми на овие уреди, безбедноста. Надградбата на софтверот на уредите е проблем, засега решение е техничар или тим да оди од уред на уред и да го надгради уредот. Ова секако во општ случај не е решение и надградбите би требало да се прават од една платформа. Токму ова и ќе го обезбеди договорот помеѓу двата производители.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments