Aris Arcanum е игра која нуди уникатно roguelite искуство кое е сместено во мрачен, викторијански амбиент, каде што магијата и лудилото се испреплетуваат. Преземајќи ја улогата на Клајд, ќе вложите надчовечки сили да го пронајдете неговиот пат до искупување и да го вратите разумот во еден свет које на раб на распаѓање.

Приказната во Aris Arcanum се фокусира длабоко на личната борба на Клајд. Еднаш предодреден да ја води библиотеката, тој бил назначен за надгледник на атрамантијата – уметноста на манипулирање со окултното мастило. Вонземската супстанција, која била запечатена длабоко во библиотеката, била проучувана поради нејзиниот потенцијал да ги зајакне магиските способности. Сепак, цената за таквата моќ се покажала катастрофална, собирајќи легија од опседнати и извртени умови. По низа ситуации, Клајд се наоѓа во безизлезна ситуација каде нема друг избор освен да се спушти во корумпираните ходници и да се соочи со извртените остатоци од неговите колеги, разотривајќи, притоа, слоеви на незамислив космички хорор.

Методична борба, а не аркадно искуство
Во сржтта, Aris Arcanum е roguelite. Клајд можеби ја губи својата физичка форма, но секој напор му дозволува да собере доволно знаење и да изврши трајни надградби. Но таквото нешто воопшто нема да биде лесно и е испосленто со бројни ситуации на промислена и методична борба. Поради болеста што ја ограничува неговата мобилност, Клајд се потпира на својот бастун и, што е уште поважно, на неговата интелектуална способност да ги надмудри непријателите преку стратегија и магија.

Уникатен систем за создавање магии
Наместо едноставно да пронаоѓате предефинирани магии, вие, всушност, активно го обликувате вашиот арсенал. Се работи за хибрид помеѓу длабоко создавање магии и елементи на градење шпил. Порати тоа, системот ви овозможува да започнете со основни магии и да ги менувате со помош на модификатори што ги откривате при секој ран. Механиката отвора врата за илјадници потенцијални комбинации, дозволувајќи експериментирање кое може целосно да го трансформира стилот на игра. Една едноставна проектилна магија, на пример, може да еволуира во сложена клетва со повеќе ефекти.

Креативност и стратешко планирање во преубав свет
Визуелно, Aris Arcanum се одликува со рачно нацртан уметнички стил кој ја надополнува атмосферата на мрачната академија, безобразно црпејќи инспирација од готската естетика, особено од игри како Bloodborne. Околините се менуваат и се распаѓаат, претворајќи се во обраснати градини и сали кои тонат во космичка празнина. Аудио дизајнот е дизајнирани како би можел соодветно да ја засили ваквата морничавата атмосфера, нудејќи солиден наслов не само што се игра добро, туку и изгледа и звучи одлично.

Aris Arcanum е наменето за специфична група која бара методична, тактичка борба, длабока кастомизација и теоретско создавање на моќни комбинации. Љубителите на наративи инспирирани од Лавкрафт и мрачната викторијанска естетика, овде ќе најдат територија која е забавна за истражување, особено доколку сакате да експериментирате со силите што се на работ на лудилото.








