Аpple Watch доаѓа во многу бои, многу модели и со високи цени

Apple конечно го претстави својот часовник Apple Watch на настан закажан специјално за неговата презентација. Вообичено ѕвездата на вечерта доаѓа последна, па така беше и сега. Apple ја остави презентацијата за часовникот за крај, кога директорот Тим Кук се врати повторно на сцената за да најави гордо дека „Apple Watch e најперсонализираниот уред кој сме го направиле“.

Apple Watch е супер прецизен со доцнење од само 50ms, и со оглeд на тоа дека сепак станува збор за часовник, покажување на времето сепак е најважно. Часовникот овозможува едноставна промена на ликот на часовникот од едноставен до уникатен, а корисниците можат да додадат куп податоци на часовникот. Датата, следниот состанок, и штоперица можат да бидат поставени на часовникот за брз преглед.

Часовникот има функција Glances која овозможува брза проверка на најчесто користените екрани, без разлика дали станува збор за проверка на пошта или команди за музичкиот плеер. Часовникот овозможува подискретно алармирање кога ќе ви ѕвони телефонот или кога добивате нова порака, со благи вибрации на зглобот на корисникот. Сo Apple Watch може да се добиваат SMS и имејл пораки, со можност за споделување на куп пoдатоци со пријателите, а и да се прават телефонски повици.

Apple Watch е замислен како фитнес тренер кој ќе ве потсетува дали доволно се движите, вежбате, па дури и дали седите предолго. „Како да имате личен тренер на вашиот зглоб“, вели г. Кук. Има апликации кои следат бројот на потрошени калории, растојание, темпо на трчање, време поминато во вежбање и слично.

Часовникот ќе има Apple Pay, ќе може да се фотографираа, има контрола на музиката, комуникација со Siri, пристигање на нотификациите директно на часовникот, следење на спортски резултати, пристап до друштвени мрежи или на најважните дневни вести или вести од берзата. Watch Kit SDK овозможи креирање на апликации кои Apple сега може да ги презентира. Uber, Shazam, апликација која овозможува заклучување и отклучување на хотелска соба, но и апликации со кој може да отклучувате или заклучуваат вратите (Alarm.com) или презентирање на податоците од камерата директно на часовникот.

Инсталирањето на апликации е идентично со Android, што значи дека апликациите се симнуваат преку iPhone. Батеријата на часовникот трае цел ден, иако Apple некој пат денот го брои како 12 часа, овој пат не е така и денот трае 18 часа… Телефонот е достапен во неколку бои, како на часовникот, така и на ремчето, и, според Apple, часовникот е изработен од специјална легура на алуминиум која е 60 отсто поцврста од обичниот алуминиум.

Apple Watch Sport ќе чини 350 долари за 33mm и 400 долари за 43mm часовник. Apple Watch е достапен и за 550 до 1.100 долари, а златниот Apple Watch Editon ќе чини 10.000 долари. Часовникот ќе биде достапен во претпродажба од 10 април, а пристигнува во продавниците на 24 април.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk