Името на вирусот најден во овие апликации е Droid Dream. Откако ќе биде инсталиран, вирусот праќа лични информации до сервер, како, на пример, единствениот идентификационен број на телефонот. Исто така проверува и дали телефонот е веќе инфициран, а ако не е, ги искористува средствата кои му се дадени за да овозможи пристап до телефонот. Последната верзија на Android e имуна на овој вирус за среќа на надградените корисници.
Иако Google брзо и навремено реагираа со отстранувањето на апликациите, сепак тие сами не го открија проблемот. Малициозните апликации им го посочи Reddit корисник под името lompolo забележувајќи дека „21 полуларна бесплатна апликација од пазарот се украдени и им е вметнат вирус и се повторно објавени“. Тоа го забележал симнувајќи ги двете верзии на одредена игра за свирење гитара.
Google покрај тоа што ги отстранија апликациите, ги суспендираа и трите сметки на креаторот. Се уште е истрагата во тек пред да се објави некоја официјална изјава.
Некои од заразените апликации: Falling Down, Super Guitar Solo, Chess, Photo Editor, Super History Eraser, Hot Sexy Videos, Falling Ball Dodge, Dice Roller, Funny Paint, Spider Man и др, полна листа можете да видите овде.
Совет за инфицираните уреди е да пробаат да го реинсталираат оперативниот систем, или пак ако може да го заменат уредот што го имаат.
Android се станува се почеста мета на на креаторите на малициозен софтвер, како моментално најпопуларна платгорма во САД, а се повеќе зема замав и во светот.
Драга Тамара
Во македонскиот јазик зборот „малициозни“ не постои.
Постојат многу други зборови што точно го преведуваат тој збор.
А кога преведувате странски стратии, потрудете се да користите речник.
Malicious доаѓа од збороти Malice (злоба, пакост, злобност, омраза) и на македонски може да се преведе како нешто што сака да нанесе зло или злоделно.
Поздрав.
Драг читателу, не искритикува но не ни понуди решение. :)
Зборот е од латинско потекло -malitiosus- и да, значи „злобно“, но се работи за збор кој мислам дека слободно може да го употребиме кога пишуваме за вируси/тројанци и други штетни софтвери, бидејќи така се нарекуваат. Софтверот не е сам по себе злобен за да го искористиме преводот, туку е со „злобна намера“ токму што е и значењето на malitiosus.
Зборот го има во лексикони, еве ти неколку веб речници кои го содржат зборот. http://0.mk/ade6 и http://0.mk/bc9b . Всушност и многу .мк медиуми го користат види -http://0.mk/b336 .
Но, доколку си лектор, македонист или се бавиш со македонскиот јазик, слободно може да ни предложиш решение или зошто да или не да го користиме овој збор.
Според мене, јазикот е жива материја, се губат и додаваат зборови. А ако немаме, тогаш ќе позајмиме.
Драг читателу, не искритикува, но …
Зборот е од латинско потекло -malitiosus- и да, значи „злобно“, но се работи за збор кој мислам дека слободно може да го употребиме кога пишуваме за вируси/тројанци и други штетни софтвери, бидејќи така се нарекуваат. Софтверот не е сам по себе злобен за да го искористиме преводот, туку е со „злобна намера“ токму што е и значењето на malitiosus.
Зборот го има во лексикони, еве ти неколку веб речници кои го содржат зборот. http://0.mk/ade6 и http://0.mk/bc9b . Всушност и многу .мк медиуми го користат види <a href="http:// -http://0.mk/b336″ target=”_blank”> <a href="http://-http://0.mk/b336” target=”_blank”>-http://0.mk/b336 .