0 коментари 2 мин. читање 31 август, 2021

Apple со одлични вести за љубителите на класична музика

Сервисот за стримање на класична музика Primephonic сега е дел од Apple. Ова е одлична вест за сите љубители на класична музика кои се корисници на некој од уредите на Apple.

Primephonic во целост е фокусиран на класична музика; од оптимизирано пребарување за класична музика, до листи креирани од експерти и дополнителни детали за изданијата. Токму овие функционалности се првите кои ќе бидат додадени на Apple Music.

За почеток платформата ќе биде интегрирана во Apple Music, но веќе е најавено дека наскоро ќе биде претставена и посебна апликација за класична музика која  ќе биде дел од Apple Music. Голем дел од корисничкиот интерфејс на новата апликација ќе се базира на искуството коe доаѓа од постоечките корисници на Primephonic.

Primephonic веќе престана со додавање на нови корисници, а од 7-ми септември платформата ќе престане да постои. Постоечките корисници ќе добијат 6 месеци бесплатно користење на Apple Music.

„Како стартап фокусиран исклучиво на класична музика не може да стигнеме до сите слушатели на класична музика, особено не до оние кои слушаат многу различни жанрови. Заклучивме дека за да ја постигнеме нашата цел треба да соработуваме со водечки стрим сервис кој ги опфаќа сите музички жанрови, но ја споделува и нашата љубов кон класичната музика“, вели тимот на Primephonic.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top