11 коментари 1 мин. читање

Apple сега вреди 700 милијарди долари, дали ќе биде првата компанија која ќе достигне билион?

Вредноста на Apple сега е над 700 милијарди долари, односно во 2014 вредноста на акциите на компанијата пораснале за 49 отсто, јави CNN Money. Од поставувњето на Тим Кук за директор на компанијата вредноста на акциите на Apple пораснале за 135 отсто, а сега вредноста на една акција на Apple е околу 120 долари. Компанијата имаше мал пад на акциите по претставувањето на iPhone 6, iPhone 6+ и Apple Watch, сепак се чини дека сомнежите се надминати и довербата во Apple е вратена на берзите.

Apple и пред ова беше највредната компанија во светот, но со последниот раст на акциите компанијата се приближи до можноста да биде првата компанија чија вредност ќе надмине билион долари. Доколку пред неколку години најголеми конкуренти за билионот беа Microsoft и Cisco, сега најголема можност покрај Apple им се дава на Google и кинеската компанија Alibaba.

[youtube]B8HYStX8MOo[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top