Аpple се извини за расистичкиот испад на свој вработен

0 коментари 1 мин. читање

Имиџот на Apple беше сериозно нарушен во Австралија откако вработен во Apple Store беше обвинет за расизам. Вработениот е снимен на видео додека ги брка црномурестите ученици, бидејќи му е страв дека ќе украдат нешто од продавницата. Проблемите започнаа кога еден од од учениците го сподели видеото во кое од шестте ученици се бара да ја напуштат продавницата на социјалните мрежи. Очекувано ова ја разгневи јавноста во Австралија, а инцидентот е прегледан над 62.000 пати, вели ВВС.

Но, од Apple реагираа со извинувања до учениците. Дополнително, компанијат извести дека на учениците лично им се извинил и вработениот кој е снимен во видеото.

„Инклузивноста и диверзитетот се клучни вредности во Apple. Ние веруваме во еднаквоср на сите без разлика на расата, возраста, полот, идентификување со пол, етничката, религиската или сексуалната припадност,“ вели Apple во извинувањето до учениците.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top