Apple работи на дигитални очила?

во Хардвер

Apple сериозно размислува за развој на дигитални очила. Компанијата се плаши дека ќе останат без „следниот хит“ во индустријата.

Засега нема никаква поширока најава од ова. Освен веста до која стигна Bloomberg. Apple работи на партнерство со можни производители кои би можеле да им помогнат во иднина. Компанијата веќе купила доволно елементи за помал број на уреди, но сепак не доволно за масовно производство. Доколку тестовите завршат успешно првите очила за проширена реалност од Apple би можеле да бидат достапни најрано во 2018. Најверојатно како и часовникот и очилата ќе бидат проширување за iPhone и iPad и можностите на уредите, бидејќи тоа е посигурна игра за Apple.

Можеби поважно е дали е дојдено вистинското време за очила за проширена реалност. Google со Project Glass се обиде да го освои светот, но без поголем успех. За разлика од Google, Apple најверојатно ќе го држи проектот зад затворени врати додека не бидат подготвени. На тема виртуелна реалност и хардвер, не заборавајте дека имате можност да го тестирате HTC Vive и да искусите виртуелна реалност од прва рака.

Тоа што Apple го најави за очилата не е гаранција дека и ќе бидат достапни. Apple некој пат го прекинува развојот, доколку сметаат дека е под нивните стандарди или доколку сметаат дека нема да има интерес за уредот на пазарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments