Apple планира да претстави сет и очила за проширена реалност

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, Хардвер

Image courtesy of Deposit Photos

Apple планира да го прошири своето хадвер „портфолио“. Компанијата во 2022 ќе претстави сер за проширена реалност, а во 2023 година и очила за проширена реалност, тврдат извори за Information.

Гласини за овие уреди се присутни одамна, и неколку пати досега сме слушнале дека компанијата ќе ги претстави на совоите настани од Купертино. Сепак засега компанијта се држи до проширена реалност на телефоните.

Информациите кои ги претстави Information доаѓаат од интерна презентација на компанијата. И според овие податоци компанијата развојот на уреди за проширена реалност ќе го подели во две фази. Првиот уред е поголем сет за проширена реалност. Ова ќе биде уред наменет за пократкотрајна употреба, ќе биде потежок и во оваа фаза на развој прототипот наликува на Oculus Quest.

Очилата ќе бидат достапни нешто подоцна, поточно една година и ќе бидат наменети за подолготрајно користење. Во моментов прототипот на овие очила наликува  на поскапи сончеви очила. Разликата е во малку подебелите рамки во кој се сместени батерии и чипови.

Веројатно податокот кој ќе биде првата можност да се потврди веродостојноста на веста е дека во 2021 Apple ќе започне разговори со девелоперите за развој на софтвер за уредите за проширена реалност.

Најголемата потврда дека Apple иако нема презентирано уред за проширена реалност сепак доаѓа од Тим Кук кој пред неколку години изјави дека „како и паметните телефони и проширената реалност е навистина голема идеја“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk