Apple е нов сопственик на FaceShift, компанијата која работеше на „motion capture“ технологијата за Star Wars. Вестите за аквизицијата не се новост, но овој пат станува збор за официјална вест. Она што е непознато е како Apple ќе ја користи технологијата на Faceshift. Креирањето на дигитален аватар секако нема да биде изненадување, но Apple е далеку од креирање на конкурентен производ за гејмери. Креирањето на аватари може да биде интересно и со игрите за мобилни, но колку е позабавна играта толку ќе биде и искуството подобро.
Сепак можеби TechCrunch има подобар одговор на примената, пренамена на стартапот од „motion capture“ во безбедносна алатка со која технологијата би можела да се користи за препознавање на ликовите за обезбедување на поголема безбедност. BBC има поинаква теорија, шпекулирајќи дека можеби Faceshift е првиот обид на Apple да дојде до патенти за виртуелна ралност.
„Оваа аквизиција е во насока на неодамнешните зделки кои се фoкусирана на машинско учење и сродни технологии, како препознавање на глас, проширена реалност и вештачка интелегенција,“ вели Пјер Хардинг-Ролс за ВВС.







