0 коментари 2 мин. читање 3 декември, 2013

Apple го купи Topsy за 200 милиони

Тоpsy Labs, компанија која е специјализирана за анализа на дискусиите на Twitter, пример кои термини се пребаруваат, или кои корисници се влијателни, каков успех има кампањата итн., од неодамна е во сопственост на Apple. Apple плати околу 200 милиони долари, а според извори за Wall Street Journal, зделката не можела да помине без благослов од Twitter, кој уште од 2006-та година му дозволува на Topsy да има пристап до целиот стрим на 500-те милиони твитови дневно.

Како и со секоја аквизиција, Apple останува таинствен за што ќе ја користи компанијата, иако додава дека анализите на Topsy ќе им помогнат за неколку сервиси, како iTunes за музика и филмови, за говорниот асистент Siri и iAD рекламната платформа. Претпоставките се дека Аpple со помош на Topsy ќе може да сугерира и предлага песни преку iTunes Radio, како и предлози за филмови и тв серии за iTunes. Topsy може со анализите да им помогне и на партнерите на Apple кои доставуваат содржина, но и да обезбеди аналитика од друштвената мрежа за iAD кампањите.

Ова е втора аквизиција на Apple во период од само еден месец. Пред две недели Apple го купи израелскиот стартап PrimeSense кој работи со 3Д сензори за препознавање на движење.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top