Apple постави нов директор на одделот за пребарување и вештачка интелигенција. На чело на дивизијата доаѓа Џон Гиандреа, кој долго време ја имаше истата позиција во Google.
Официјално и неговата позиција во Apple ќе биде „Шеф на Машинско учење и AI стратегија“. Тој ќе биде еден од 16-те директори кои одговараат директно пред Тим Кук.
„Нашата технологија мора да биде исполнета со вредности кои ни се блиски. Џон ја дели нашата посветеност кон приватноста и нашиот внимателен пристап, и со тоа ќе ги направиме компјутерите уште попаметни и поперсонализирани“, вели г. Кук за New York Times.
Apple можеби го имаше првиот гласовен асистент, но за жал тоа не им помогна многу. Siri е полош асистент и од асистенот на Google, и од Alexa, а (дискутабилно) и од Cortana. Компанијта прави напор да се врати во трката за паметен дом и да ја освои платформата за управуање со домот, но засега тоа е далеку од реалност.
Г. Гиандреа беше дел од Google од 2010 година. Во компанијата дојде како експерт за машинско учење. Под негово водство Google ги имаше најголемите успеси во вештачката интелигенција, што секако коинцидира и со периодот кога компјутерите се доволно моќни за ова.