Apple е чекор поблиску до автономни возила

во Вести

Производителот на популарните iPhone телефони, Apple, е на чекор до своите први флоти од автономни возила. Компанијата додаде околу 24 возила и сега флотата на Apple брои 27 автономни возила.

Возилата веќе се тестираат на улиците во Калифорнија. Apple креира систем кој може да се монтира на возилата и потоа секое возило, без разлика на моделот, станува „паметно“. Компанијата работи со Lexus RX450h возила, јави Bloomberg.

Apple секако доцни во освојувањето на овој пазар. Куп компании од Uber, Tesla и  Google, па се до производители како Ford и BMW, ги тестираат своите возила. Останува прашањето дали било која техичка компанија би можела да им конкурира на производителите на возила. Сепак, барем во моментов изгледа поверојатно дека доминацијата на производилите ќе ја предизвика Google, отколку Apple.

Ако овие 30 возила ви изгледаат на импресивна бројка, да ве потсетиме дека Google (сега Waymo) броејќи единствено камионети, тестира со над 600 возила на улиците. Компанијата има уште куп други возила кои тестираат во повеќе градови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk