Аплицирајте за учество на првиот Female Bootcamp

во ИТ.МК

Пред неколку месеци компанијата Адева го најави првиот Bootcamp за развивање на ИТ вештини за жени во Македонија. Идејата зад оваа иницијатива е да се развие дискусија и да се промовира ИТ секторот пред девојки кои имаат интерес да се вклучат во оваа индустрија.
Иницијативата е организирана од македонската ИТ компанија Адева, а е поддржана од искусни професионалци во ИТ секторот кои веќе работат во едни од најголемите компании во светот како Google, StackOverflow, SAP, Udacity, UNICEF и NASA Datanauts.Девојките кои ќе бидат избрани ќе имаат можност да учат онлајн преку интерактивна програма и со помош на ментори да го разработуваат наученото во текот на 3-те месеци работа.
„Се потрудивме да креираме програма која на девојките кои ќе бидат дел од буткампот ќе им овозможи да ги совладаат основите на Full Stack веб програмирањето, преку модерни технологии кои немаат голем “learning curve”. За програмата соработуваме со Laracasts, кои се познати по интерактивниот и едноставен начин на совладување на комплексни концепти. Програмата ќе се одвива во 2 дела: онлајн учење и менторски сесии. Студентките ќе имаат пристап до сите материјали и ќе можат да ги совладуваат лекциите со свое темпо. Со менторите лично ќе работат на совладување на предизвиците со кои се сретнале при учењето, како и за изработка на real-life проект кој ќе ја заокружи целата програма.“ – вели Катерина Трајчевска, ко-основач на Адева.
Деталите за програмата може да ги прочитате на следниот линк и потоа да аплицирате со пополнување на формата.
А, доколку веќе имате искуство со програмирање и сакате да ја поддржите оваа иницијатива и да го споделите вашето знаење, може да го направите тоа така што ќе се пријавите на нивниот повик за ментори.
„Лично сум волонтирала како ментор во бројни иницијативи и можам да кажам дека е прекрасно искуство. Не само што волонтирањето прави да се чувствувате убаво, туку и самото менторство помага да си го структурирате знаењето и да научите многу и самите. Ги охрабрувам сите кои размислуваат дали да се приклучат, да аплицираат без разлика дали имаат претходно менторско искуство или не. Ќе добијат целосна поддршка од нас во текот на целата програма.
Активностите во текот на буткампот ќе бидат распределени помеѓу повеќе ментори, а улогата на менторот е да биде поддршка за студентите – не е програма која бара премногу време и енергија од менторите.“ – вели Катерина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk