0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Sunrise календарот e достапен и на iPad

Sunrise, еден од поубаво дизајнираните календари за iPhone, сега е достапен и за поголемиот iPad. Тоа што е предност на овој календар, и во исто време и недостаток, е што може да се користи само со iCloud и Google Calendar профилите. Но, календарот е направен одлично и со новата верзија добива и week и monthly view за поголемиот екран. Компанијата најави дека работи на Android верзијата.

„Сфативме дека мобилните уреди се уште поголема парадигма отколку што првично мислевме. Секој друг ден, не го ни користам мојот компјутер – iPad-от е мојот мобилен уред. Луѓето сакаат да се чуствуваат продуктивни насекаде, и затоа работат од својот iPad. Затоа и го направивме Sunrise за iPad”, вели ко-основачот Пјер Валаде за Techcrunch.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top