Доколку сте љубител на ТВ сериите, сигурно има денови кога e тешко да следите што излегува, а што вие сте изгледале. Со цел да не испуштите ниту една епизода од омилените серии, ви ја претставуваме TVShow апликацијата за Windows Phone 8 паметните телефони.
TVShow е една од најдобрите апликации за оваа намена, едноставна е и брзо работи. Исто така, доаѓа и со сопствен live tile на кој се прикажуваат сериите од кои има излезено нови епизоди и бројот на неизгледани епизоди. Вашата листа на ТВ серии можете да ја составите од избирање од листата на трендинг серии или со едноставно пребарување.
Откако ќе ја составите вашата листа со серии, со избирање на една од нив ќе можете да видите краток вовед за следната епизода што излегува и сите новости поврзани околу целата серија. Дополнително, можете да си бележите кои епизоди ви се изгледани, а кои не.
TVShow е бесплатна и можете да ја преземете од Windows Phone маркетот.








