Апликација на денот: MyScript Calculator за Android

во Совети

Сигурно има еден куп апликации за мобилни телефони со кои може да се направат некои пресметки, но MyScript Calculator се разликува од сите нив бидејќи има тргнато во друга насока на пишување на математичките задачи и наместо обичното тапкање по тастатура, тимот на Vision Objects во својата апликација имаат овозможено рачно пишување на задачите.

Поддржувајќи неколку математички оператори и функции, апликацијата автоматски ги интерпретира впишаните информации и за прилично брзо време ги обработува и ви дава резултат на вашето барање. Апликацијата работи само во „landscape“ мод на прикажување и нејзината вистинска моќ можете да ја осетите на компјутерски таблет или на паметен телефон со поголем екран.

Исто така, можете да пишувате и покомплексни изрази или пак прво да напишете еден израз и да го пресмета тој, па потоа да допишете уште нешто и апликацијата ќе ги спои и пресмета. MyScript Calculator моментално ги поддржува функциите за: собирање, одзимање, множење, делење, квадратен корен, Пи, загради, степенување и автоматска променлива и препознавање на децимала. Покрај тоа, апликацијата нуди и бришење на некој број и оператор, баш како што правиме и додека пишуваме на хартија – со пречкртување на тоа што сакаме да го избришиме. :)

За да видете како функционира апликацијата, погледнете го видеото подолу и преземете ја апликацијата од Google Play. Особено ја препорачуваме на студентите и учениците кои секојдневно се среќаваат со математички проблеми.

[youtube]w-KdyFWbw5c[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk