0 коментари 1 мин. читање 9 мај, 2013

Апликација на денот: Бидете Iron Man барем за момент преку мобилен

Игрите правени според филмови не се баш најдобри, но Iron Man 3 се издвојува од останатите. Во оваа игра вие сте во улога на Тони Старк, главниот лик од серијалот Iron Man. Во играта е потребно да ги погодите сите објекти што летаат, со помош на ласерите вградени во Iron Man оделото. Играта по малку потсетува и на Lylat Wars на Nintendo 64. Брзата реакција има голема улога во оваа игра, бидејќи бара брзи акции за да ги елиминирате вашите противници.

Вашиот железен човек во текот на играта ќе можете да го надградуват, а постојат и 18 различни костуми кои тој може да ги користи. Исто така, апликацијата може да генерира неиграничен број на нивоа и противници, така што, ќе можете да рушите сѐ пред себе до кога сакате.

Iron Man 3 е бесплатна и достапна за iOS и Android.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top