Апликација на денот: Baidu Browser е Android прелистувач фокусиран на перформансите

во Совети

Baidu е водечки веб сервис провајдер во Кина кој во септември го претстави својот Android веб прелистувач наречен Baidu Browser. Овој прелистувач се истакнува од конкурентите по својата брзина. Во споредба со конкурентите, Baidu има и подобра HTML и JavaScript поддршка. Сепак, иако прелистувачот е објавен уште во септември, тој им беше достапен само на корисниците на Baidu форумот, а од сега е достапен на сите Android корисници.

Baidu Browser изобилува со едноставен дизајн и можност да ги реденрира страниците многу побрзо, отколку сите останати алтернативи кои постојат. Исто така, вреди да се напомени дека Baidu работи на моќниот T5 енџин, кој не е компатабилен со сите уреди. Но, доколку таа опција е достапна на вашиот паметен телефон, ќе добиете порака дека можете да го инсталирате.

Негативна работа на овој прилично нов прелистувач е тоа што нема можност за синхронизација помеѓу повеќе платформи и се држи до тоа да нуди неверојатно добри перформанси, но се надеваме дека во иднина ќе размислат за воведување и на опција за синрхонизирање.

Еве што конкретно нуди овој прелистувач:

  • Почетен екран исполнет со кратенки до вашите омилени веб-сајтови и друштвени мрежи кои се распоредени во неколку категории.
  • Поддржува јазичиња (табови).
  • Скролање со два прсти: скролање надолу (удри најдолу) – отвара ново јазичење, скролање надгоре – го затвара отвореното јазиче, скролање настранично – врти помеѓу отворените табови.
  • Опција за зачувување на вашите омилени веб дестинации (Bookmarks).
  • Чува историја.
  • Инкогнито мод (приватен).
  • Текст мод на прелистување – ги игнорира сликите и го прикажува само текстот.
  • Алатка за зимање на скриншот од вашите омилени веб страници.
  • Дневна/Ноќна светлина додека прелистувате.
  • Сопствен менаџер за преземање преку кој можете да оперирате со преземаните датотеки.
  • Сопствена алатка за пребарување помеѓу отворените јазичиња.
  • Многу други можности поврзани со T5 енџиног како што е зумирање и памтење на зумирањето, подвлекување на хиперлинковите, GPU реденрирање, HTML5 видео и можност за гледање на цел екран, …

Baidu можете да го преземете од Google Play маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk