Buffer for Twitter and Facebook е апликација која ги баферира вашите статуси, односно ги чува и ги споделува во време кога вие ќе и кажете на апликацијата да го објави. Апликацијата, иако, во името ги споменува само Twitter и Facebook, статуси може да се закажуваат и за LinkedIn и App.net.
Што и да сакате да споделите во одредено време, слика, видео, текст, … само додадете го тоа во баферот, изберете време и останатото ќе го заврши самата апликација. Секако, покрај опцијата за закажување на статуси и твитови, апликацијата можете да ја користите и како најнормален клиент за друштвените мрежи. Ова е добра апликација доколку имате неколку работи за објавување, пример доколку сакате да споделите неколку твитови што ви паднале на ум или некои интересни фотографии, наместо да ги бомбардирате вашите пријатели, со помош на Buffer можете да ги распоредите.
Buffer, исто така, содржи и можност за користење на повеќе профили одеднаш, а апликацијата нуди и додавање во баферот преку мејл и опција за зачувување на некоја содржина за да ја прегледате подоцна. Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од iTunes продавницата.
