0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2014

Апликација на денот: И децата можат да креираат игри со Hopscotch

Hopscotch е iPad апликација наменета за сите деца кои сакаат да научат да програмираат, иако и повозрасните можат да ја користат за дa ги научат основите. Кодирањето со Hopscotch е едноставно и на корисниците им овозможува едноставно со drag and drop да поставуваат цели блокови на код во своите програми. Со ова може да се креира интерактивна уметност, анимации приказни или игри, а корисниците ќе се здобијат со вештини за решавање проблеми, критичко размислување и основи на компјутерско програмирање.

Со оглед на тоа дека се поголем е бројот на заговорници кои тврдат дека кодирањето е основна вештина која сега, но и во иднина ќе мора сите да ја поседуваат Hopscotch на забавен начин ќе им помогне на децата за вештини кои ќе многу ќе им помогнат во иднина.

Апликацијата е креирана од Жозелин Левит и Саманта Џон, кои се најдоа на листата на Business Insider за „20-те најжешки стартапи основани од жени“. Во Hopscotch се инвестирани 1,2 милиони долари до сега.

[youtube]Ldp6jV2NcVE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top