Camera51 е Android апликација која им помага на корисниците да имаат совршена фотографија со секое шкрапнување на камерата на вашиот телефон. Camera 51 автоматски ги детектира објектите, лицата, позадините и линиите, а креирана е по совети кои ги следат професионалните фотографии.
Апликацијата доаѓа со неколку вградени функции: Auto Framing – апликацијата ги идентификува и автоматски го селектира објекот кој има „централно“ место во фотографијата; сепак доколку не сте задоволни со изборот или доколку имате поинаква идеја од апликацијата овозможено е мануелно селектирање на најмногу 3 објекти. Апликацијата дополнително ќе го извести фотографот доколку некој од објектите кои се наоѓаат на периферијата може да ја наруши фотографијата. Разбирливо ниедна апликација за фотографирање не би била комплетна без совршено „селфи“, поради можноста за автоматско селектирање што ќе овозможи добри селфи фотографии.
Недостаток на Camera51 е што бара голема процесирачка моќ од телефоните и креирана е пред се за поскапите телефони над Nexus 4, Samsung Galaxy Mini S3, LG G2, HTC One X и слични. Поради ова апликацијата е или премногу бавна на послабите телефони или воопшто нема да работи.
[youtube]pqaTlxUSRYw[/youtube]