Антимонополски процес во САД: Иднината на Google во рацете на судот

во Вести


Без разлика што ќе се случи до крајот, речиси е сигурно дека настанот кој ќе ја одбележи оваа недела е почетокот на судскиот спор кој ќе ја одреди судбината на Google. Американскиот оддел за правда побара од судот да го принуди Google да го раздели прелистувачот од остатокот на компанијата.

Благодарение на спорот очекуваме дека ќе дознаеме повеќе за праксата на Google, а дел од податоците веќе почнаа да излегуваат.

Огромни суми за Gemini да доаѓа на телефоните на Samsung

Судењето откри договор помеѓу Google и Samsung кој веројатно беше јавна тајна. Сведочењето покажа дека Google му исплаќа на Samsung значителен месечен надоместок. Со ова компанијата обезбедила дека Gemini AI апликација доаѓа инсталирана на уредите на Samsung. Овој договор започнал во јануари. Ова значи дека е донесен по одлуката на судијата Амит Мехта дека практиките на пребарувачот на Google претставуваат нелегален монопол. Една од причините поради кои тогаш беше донесена оваа одлука се слични договори кои ги вклучуваа производителите Apple и Samsung.

Потпретседателот на Google, Питер Фицџералд посочил дека двегодишниот договор со Samsung покрај фиксните месечни плаќања вклучува и дел од приходите од реклами генерирани од апликацијата Gemini. Засега точната сума која Googlе му ја плаќа на Samsung е необјавена. Според адвокатот на Министерството за правда ја опиша како „огромна“, пишува Information.

Ниту времето во кога компаниите го потпишале договорот не може да се занемари. Google и Samsung се договориле по првичната антимонополска одлука против Google. Судењето откри и дека други компании, вклучувајќи ги Perplexity и Microsoft, му понудиле на Samsung да ги инсталираат нивните AI асистенти. Интерната комуникација во Google сугерира дека разгледувале и порестриктивни договори. Со нив би барале од партнерите претходно да го инсталираат Gemini заедно со Google Search и Chrome.

По одлуката на судот дека пребарувачот на Google има монопол, фокусот е префрлен на утврдување на соодветните казни. Министерството за правда се залага за ригорозни казни. Казните би можеле да вклучуваат забрана Google да склучува договори за стандардни (default) апликации во Android. Дополнително, би можеле да одат и до барање на компанијата да го продаде својот Chrome прелистувач и наложување лиценцирање на податоците што ги користи Google Search на конкурентите.

Google, се брани, дека казните треба да бидат ограничени на откажување од договорите за „стандардно додавање“ (default placement). Евентуалната пресуда би можела да влијае на деловната практика на Google, но и на самиот изглед на компанијата.

Продажба на Chrome

Оваа недела Министерството за правда на САД од федералниот судија во Вашингтон побара Google да биде принуден да го продаде својот веб прелистувач Chrome. Покрај ова компанијата треба да направи и други значајни промени во своето работење. Според нив предложените мерки се неопходни да се разбие монополот што судот го констатирал во август минатата година.

Адвокатот на Министерството за правда, Дејвид Далквист, изјавил дека овие мерки се неопходни. Само така ќе може да се надминат монополските практики што му овозможиле на Google да ги елиминира своите ривали во интернет пребарувањето. Далквист изразил надеж дека предложените мерки ќе овозможат конкуренцијата да се врати на пазарот.

„Тука сме да ја вратиме конкуренцијата на овие пазари. Решението ќе им овозможи на конкурентите да излезат на пазар и ова замрзнато парче лед да се одмрзне.“, вели Делквист во воведните аргументи.

Покрај барањето од судијата Амит Мехта да го принуди Google да го продаде Chrome, владата побарала и да ѝ забрани на компанијата да им плаќа на производителите на паметни телефони како Apple и Samsung за да го направат Google Search стандарден пребарувач на нивните уреди. Дополнително, се бара Google да споделува одредени технички податоци со своите конкуренти. Доколку пазарот за интернет пребарување не се промени во рок од пет години со овие мерки, владата предлага Google да биде принуден да го продаде и својот мобилен оперативен систем Android.

Адвокатот на Google, Џон Шмитлајн, предложените мерки од владата ги нарекол „екстремни“ и „темелно погрешни“.

„Google го освои своето место на пазарот фер и чесно. Владините мерки ќе ги наградат конкурентите со предности кои никогаш не би ги имале на пазар на кој Google не се натпреварува.“, вели Шмитлајн.

Toj истакнал дека успехот на Google во пребарувањето се должи на добро темпирани инвестиции, како оние што ја искористиле „мобилната револуција“, поради што конкурентите заостанале.,

Монопол на Google кај онлајн рекламирањето

Проблемите на Google не завршуваат тука. Судијката Леони Бринкeма, процени дека Google „намерно стекнал и одржувал монопол“ на два пазари поврзани со технологијата за онлајн рекламирање. Судот одлучи дека Google има нелегална доминација на Пазарот за сервери за реклами на издавачи (publisher ad servers) и на за размена на реклами (ad exchanges) што посредуваат помеѓу купувачите и продавачите. На дополнително рочиште ќе се утврди како Google ќе ја врати конкуренцијата на овие пазари. Предлогот на Министерството за правда е Google да го продаде Google Ad Manager.

Google планира да се жали на одлуката, тврдејќи дека неговите алатки немаат „негативни“ влијанија. Судот сепак не се согласи со тврдењата на Министерството за правда дека алатките за рекламирање на Google или купувањата на DoubleClick и AdMeld се антиконкурентни. Google изрази задоволство од овој дел од одлуката и најави жалба на останатиот дел. Компанијата тврди дека издавачите имаат многу опции. Причините поради кои го избираат Google се едноставноста, достапноста и ефективноста на неговите алатки за рекламирање

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments