Финскиот Rovio конечно ќе ја донесат својата мега-популарна мобилна игра Angry Birds на Facebook, која ќе биде достапна за сите 800 милиони корисници на мрежата.
Според Penn Olson, Angry Birds ќе бидат најавени за Св. Валентин, а официјалната најава ќе се случи во „главниот град на Facebook”, односно главниот град на Индонезија, Џакарта, кој има дури 17 милиони регистрирани корисници.
Angry Birds е симната над 700 милиони пати на различни мобилни платформи, а ја има и на прелистувачите како десктоп верзија. Според основачите на Rovio, тие би сакале да ја видат Angry Birds на сите можни екрани, и сите можни платформи. Играта ја има и на новите Samsung Smart телевизори.
Планот е во иднина да може Angry Birds искуството да може да биде постојано без врска на која платформа се работи. Пример, ако ја играте на iPad и стигнете до некое ниво да може да го продолжите тоа ниво на PC компјутер.
За да се разликува од останатите верзии, Angry Birds за Facebook ќе има поддржка за поголем екран, т.е. подобра резолуција на анимации и ќе има нови бонус опции (power-ups) кои ќе можат да се купат за по 1 долар.
[youtube]uBNb-PG81ME[/youtube]







