Анализа потврди дека Apple A7 Cyclone е мобилен процесор од „десктоп класа“

Кога излезе мината година процесорот на iPhone 5S ги изненади и воодушеви сите, пред се бидејќи A7 беше брз, но и беше првиот 64-битен процесор за паметен телефон за кој не се знаеше многу бидејќи Apple е секогаш таинствен за својата технологија. Но, благодарение на Anandtech конечно се познати спецификациите на A7-Cyclonе. Интересно дури и за работното име на А7 Cyclonе, беше потребно значајно пребарување низ податоците, што можеби е поради желба што е можно подолго да го задржи процесорот како тајна. Една година подоцна дел од деталите излегувааат во јавност.

Максималниот број на инструкции кои може A7 да ги обработи процесорот во еден циклус е 6, што е двојно повеќе од претходниците A6 и A5. Поместени се и границите на математичките операции, А7 може да извршува четири integer и 2 float операции паралелно. За жал дури и по една година од излегувањето на iPhone 5S бројот на апликации кои целосно ги користитат можностите на процесорот е минимален. Иако дел од вината за ова е на девелоперите, сепак можеби е потребно и Apple да излезе дури и со сопствена апликација која ќе ги претстави можностите на процесорот. Втор проблем е што под полно оптоварување процесорот прилично брзо ќе ја испразни батеријата, па целта на инженерите на Apple е процесорот што е можно побрзо да заврши со пресметките. Конечно тука е проблемот што дури и покрај одличниот процесор, перформансите на уредот ќе бидат полоши поради тоа што уредите имаат 1 GB меморија, па полесно е да се стигне до мемориското, отколку ограничувањето на процесорот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk