Резултатите од првите тестови на Vega Frontier Edition, не ветуваат, барем кога гејмингот во прашање. Графичката е доволно моќна за на бенчмарк тестовите да го надмине Titan Xp, но кога игрите се во прашање картичката е едвај побрза од GTX 1070, вели Ars Technica.
Ова можеби и не треба да биде изненадување, AMD најави дека гејмерите треба да ги почекаат Vega RX графичките картички. За професионална употреба Vega FE е помоќна од конкуренцијата. Тестовите на SPECviewperf и Cinebench R15 OpenGL ја поставуваат графичката пред Titan Xp. Гејмерите можеби со право стравуваат за перформансите на картичката која доаѓа со иста архитектура како и Frontier Edition.
За жал барем во моментов, гејминг тестовите покажуваат дека графичката е послаба од GTX 1080, а има проблеми и со оверклокување. Дел од овие проблеми ќе бидат надминати со Vega RX графичките кои ќе бидат прилагодени специјално за гејминг. Дури и вака се чини дека нема да бидат доволно моќни како што се надеваат фановите кои ги чекаат.
Еден од проблемите кои очекуваме да се појави и со новата серија на графички е недостаток од истите на пазарот. Очекуваме повторување на ситуација со актуелната серија, која ја купија „рударите“ на крипто валути. Погодени се сите графички од средната класа: RX 570 и RX 580 од AMD и GTX 1060 на Nvidia. Поради недостатокот цената на картичките е порасната, но и тоа не е проблем, бидејќи не може да се најдат, јави Tom’s Hardware.
Причината за недостатокот е „копањето“ по преостанатите биткоини, но и новата крипто-валута етериум (etherium). Етериум брзо по излегувањето стаса до 400 долари, а сега е околу 280 долари.







