АMD ја најави Radeon R9 295X2 како „најбрзата графичка картичка во светот“

AMD ја претстави новата Radeon R9 295X2 графичка картичка, со наjавa дека станува збор за најбрзата графичка карта во светот. Radeon R9 295X2 е всушност две споени R9 картички на една плочка. Поради загревањето AMD мораше за прв пат на картичките да имплеметира ладење со течност што е прв случај на графичка карта со водено ладење вградено во основниот модел. Загревањето е и очекувано со оглед на тоа дека картичката троши 500W за работа.

Графичката картичка доаѓа со два GCN 1.1 Hawaii графички процесори, работната фрекфенција на секој од нив е 1018 MHz. Во споредба со Radeon 7990, 295X2 ќе ги обработува шејдерите и текстурите дури 40 отсто побрзо и двапати побрзa ROP обработка. Графичката картичка доаѓа со 8 GB GDDR5 RAM на 5 GHz, по 4 за секој процесор.

Иако Radeon R9 295X2 е значително поeвтина од конкурентната Geforce GTX Titan Z, сепак цената од 1.500 долари за најголемиот број корисници е превисока за само една компонента. AMD Radeon R9 295X2 излегува на 21 април.

http://images.anandtech.com/doci/7930/Radeon_R9_WaterCooler_Product_Shot_PartsStacked_RGB_5in300dpi.jpg

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk