AMD со импресивна презентација на процесорот Ryzen

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Image courtesy of AMD / YouTube

По подолго време AMD можеби има процесор кој може да се натпреварува со Intel. Ова беше наговестено со првото претставување на Zen-процесорот. Компанијата го преименува процесорот во Ryzen, а треба да биде достапен во првиот квартал од 2017 година.

AMD има сериозен проблем кога компјутерските процесори се во прашање. Компанијата долго време нема излезено со процесор кој може се натпреварува со Intel. Без сомневање компанијата нема уште многу простор за грешка кога PC процесорите се во прашање.

Првите тестови покажуваат дека Ryzen е приближно брз како и i7-6900. Од послeдениот пат кога процесорите биле вака конкурентни, поминаа неколку години. Новиот процесор е со помала потрошувачка на електрична енергија. Ryzen има потрошувачка од околу 100W TDP, што е помалку од Intel кој е на 140W TDP.

Во тестовите Ryzen беше ограничен на 3.4 GHz. Ова можеби е разбирливо со оглед на тоа дека Лиса Су oбјасни дека има уште простор за фино дотерување на перформансите.

Процесорот е блиску на Blender 3D Rendering, а е неколку секунди побрз од i7-6900K на Blender транскодинг тестот. Сепак најверојатно најинтересен беше Battlefield 1 тестот. Двата процесори искомбинирани со Nvidia Titan X беа помеѓу 60 и 70 фрејма, на 4К резолуција. Очекувано процесорот немаше никаков проблем со стрим на Dota 2 на Twitch на резолуција од 1080p.

Најверојатно прашањето кое се поставува во моментов за Ryzen не се перформансите туку цената. Со приближни перформанси процесорот на Intel чини околу 1.000 – 1.100 американски долари. Ако AMD дојде за цена која ќе биде пониска за околу 2-300 долари, тогаш може навистина повторно да се врати на пазарот.

Повеќе податоци од AMD може да очекуваме на почетокот на 2017, на CES во Лас Вегас.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] година за AMD. Компанијата го најави новиот процесот Ryzen за оваа година. Според најавата по подолго време ќе […]

trackback

[…] AMD помислија дека ќе се приближат до перформансите на Intel, […]

trackback

[…] AMD очекуваме повеќе податоци за новиот процесор Ryzen. Се надеваме на први податоци за почет0кот на […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

DevOps Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk