Амбициозната Star Citizen собра 100 милиони долари од фановите

во Софтвер

Со надминати 100 милиони долари без сомневање видеоиграта Star Citizen е најуспешниот краудфандинг проект, барем кога се финансиите во прашање. Без сомневање една од причините за првата возбуда е легендарниот креатор на игри Крис Робертс, но и недостатокот од квалитетни вселенски симулации.

Собирањето на средства започна на Kickstarter каде играта собра над 2 милиони долари од над 34.000 поддржувачи. Г. Робертс, кој е познат по Wing Commander, продолжи да собира средства со дополнителни кампањи, од препродажба до уникатни бродови кои се на продажба. Во октомври креаторите на Star Citizen објавија дека над еден милион корисниции инвестирале и ја тестираат играта. Бројката е огромна, уште повеќе доколу се земе предвид дека EVE Online која е единствен конкурент, ретко кога надмина 500.000 играчи.

За жал, играта е далеку од завршена. Star Citizen ќе биде издавана во модули, а досега се достапни само два. Мисиите Squadron 42 и играњето во прво лице, како и кампања се далеку од реализација. Играта е најавена како отворен свет, но во моментов е тешко за прогнозирање кога би била реализирана со оглед на тоа дека постојано се додава нова функционалност. Сепак според г. Робертс, играта би требало да биде завршена и објавена во 2016 година.

Благодарение на средствата како гласовни артисти во Star Citizen ќе бидат ангажирани Гери Олдман, Марк Хамил и Џилијан Андерсон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk