Amazon започнува да пренесува фудбалски натпревари

0 коментари 1 мин. читање

Amazon продолжува со додавање на содржини на својата платформа Amazon Prime. Компанијата ќе има право да стрима во живо 20 натпревари од Премиер лигата. Со ова компанијата е прва од американските гиганти која потпиша договор со спорт кој не е дел од националните лиги. Договорот започнува со реализација од 2019 година и ќе трае следните три години, јави BBC.

Amazon ќе може да емитува 10 натпревари кои ќе се играат на „Boxing Day“ и уште 10 натпревари кои ќе бидат на сред недела.

Цената која Amazon ја платил за овие натпревари не е објавена. За споредба, британската телевизија плати 975 милиони фунти за пренос на три години. Во овој период BT може да пренесува 52 натпревари во живо. Преостанатите натпревари ќе ги пренесува Sky Sports, а цената која тие ја платија е 3.75 милијарди фунти.

Натпреварите ќе им бидат достапни бесплатно на претплатниците на Amazon Prime.

Со ова, спортското портфолио на Amazon е импресивно. Компанијата го пренесува и US Open, Australian Open и French Open. Освен фудбал и тенис, компанијата пренесува и натпревари од NFL и MLB лигите.

Глобално Amazon има околу 100 милиони корисници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед