Само Apple останува пред Amazon на листата највредни компании. Вредноста на Amazon е над онаа на Alphabet, па сега најголемата продавница е втора на листата.
Последната година акциите на Amazon ја зголемија својата вредност за 85%, а Google само за 4%. Само од почетокот на 2018 акциите на продавницата рипнаа 35%. Компанијата сега вреди 768 милијарди долари, 5.5 милијарди повеќе од Google.
Вредноста на Amazon секако е поврзана со речиси монополот кој компаниајта го има во областа на онлајн продажба. Секако можноста за ширење со облак услугите придонесува за поголем оптимизам на берзата.
Ако продолжи растот само прашање на време е кога Amazon по вкупна вредност ќе го надмине Apple. Вредноста на Apple е 885.4 милијарди долари. На четврто место зад Google е Microsoft, јави CNBC.
Најголем губитник на берзата е Facebook, акциите на компанијата паѓаат по скандалот со Cambridge Analytica. Компанијата за два дена загуби околу 10% од својата вредност.