Amazon најави дека нивните купувачи покрај пари, наскоро ќе можат да користат и виртуелна валута за купување на апликации или игри за Kindle Fire. Новата виртуелна валута, Amazon Coins ќе биде достани од мај, а компанијата се надева дека дополнително ќе го раздвижи Kindle Fire „екосистемот“.
За почеток Amazon ќе инвестира десетици милиони од оваа виртуелна валута во развивачите на апликации. Со оглед на тоа дека 100 од овие „парички“ чинат еден долар, Amazon ќе вложи стотици илјади долари за до го ревитализира системот, но и да им помогне на Android девелоперите кои генeрално потешко заработуваат од нивните колеги кои работат за iOS.
„Се што може да му помогне на Android да се монетаризира е добредојдено, но како ќе ги добивате Amazon Coins, ако треба да ги купите тогаш не ја гледам разликата помеѓу реалните и виртуелните монети.“, изјавува основачот на Touch Lab, Кевин Галиган.
Но, и покрај загриженоста, фактите се дека апликациите и игрите за Kindle Fire, носат повеќе од апликациите за Android таблети или паметни телефони, пишува TheVerge. Покрај неизвесноста за начинот на кој корисниците ќе ги добиваат Amazon Coins, не е добредојден ниту фактот дека со виртуелните валути не може да купувате ниту да плаќате претплата на Amazon услугите (најголем дел од нив се достапни ексклузивно во Северна Америка), па постои опасност дека ќе останете заглавени со виртуелни монети кои неможете да ги претворите во пари ниту да ги потрошите на работи кои што сакате да ги купите.
Сепак според најавите Amazon ќе ги користи овие монети за да ги награди корисниците кои ја рекламираат компанијата. Односно корисниците кои ќе споделат содржина на Facebook или Twitter ќе добијат и монети. Покрај ова виртуелната валута која ќе им биде раздадена на девелоперите ќе можат да одберат како да ја „раздадат“ потоа.







