0 коментари 2 мин. читање 13 септември, 2016

Алгоритам ќе пишува статии за локалните спортски тимови

Narrativa е шпански стартап кој работи на технологија која ќе им овозможи на навивачите на помалите, локални тимови, да останат информирани за резултатите од натпреварите.

Компанијата работи на технологија која собира куп „сирови“ податоци и од нив прави текстови. Идејата за новинарски текстови кои ќе бидат пишувани од алгоритам не е новитет. Сепак, бројот на различни теми е се поголем. Основачот на Narriva, Давид Љоренте ја добил идејата откако и самиот не успеал да најде статии за својот омилен, локален клуб.

„Има луѓе кои се интересираат за ова, за овие лиги, за сите спортови. Идејата беше да се фокусираме на регионалните спортови. Сакав да пишувам за фудбал, но да пишуваме за јапонскиот фудбал на шпански, да ја покриеме оваа област.“, вели г. Љоренте за Motherboard.

Статите се генерираат со помош на алгоритам и засега се основни податоци. Од Narriva објаснуваат дека е едноставно да се додадат промени во алгоритмите. Така во иднина може да се додадат куп функционалности, податоци за времето или како временските услови влијаат на натпреварот.

„Севиља победи со 2:0 против Атлетик на Нервион, со ова ја продолжи низата од осум победи по ред на домашен терен. Гамеиро го постигна првиот гол за домашните, и го затвори давањето голови од пенал, откако Кужовијак беше фаулиран. Атлетик немаа среќа имако имаа поголем посед на топка, но не успеаја да постигнат гол од своите шанси.“, ова е прегледот на натпреварот од алгоритмот на Narriva.

Спортските текстови се најнови на листата, но се далеку од единствени. Над 3.000 статии за заработката на компании автоматски се генерираат секое тримесечје,  велат од Associated Press.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top