Алексис Оханиан, ко-основачот на Reddit, верува дека секој корисник може да биде потенцијален заштитник на Интернетот, или „Бетмен или Бетвумен“ како што тој вели.
„Не е потребно да бидете милијардер со нервозни задачи за да го зачувате интернетот.“, изјави Оханиан на Personal Democracy Forum одржан вчера. „Херојот сте вие. Секогаш сте биле вие и треба да бидете вие“, тој додава. Исто така, за време на дебатата за SOPA изјави „Тоа што го покажа дебата за SOPA е дека вие може да бидете херој. Милиони се собраа заедно и рекоа ‘овој закон нема да помине'”.
За г. Оханиан, секој интернет коринсник има барем едно мало парче од дигиталната торта кое треба да го зачува. Без разлика дали станува збор за Twitter профил, Tumblr страница или WordPress блог.
Иако, SOPA сѐ уште не е замината, Оханиан вели дека „сѐ уште не е време да се каже дека мисијата е завршена.“ Па што сака да им порача тој на тие Бетмени и Бетвумени од интернетот? „Активирајте се и споделувајте знаење“.
[youtube]Ag7ckfMaI-E[/youtube]







