{mosimage}Бројот на тинејџери кои се впуштаат во hi-tech криминал е во постојан пораст според експертите по компјутерска сигурност. Сé поголем е бројот на форуми на кои од страна на тинејџери се разменуваат броеви од кредитни картички, се споделуваат алатки за крадење на лични податоци како и разменување на хакерски трикови и вештини. Со оглед на фактот дека тие не се доволно технички способни, многу веројатно е дека голем дел од нив ќе бидат откриени. Според експертите, отворањето на криминално досие за еден тинејџер е навистина ризично за неговата иднина.
"Гледам деца на 11 и 12 годишна возраст
кои разменуваат податоци од кредитни картички и бараат хакерски алатки,"
вели Chris Boyd, Директор за истражување на штетен софтвер во FaceTime
Security. Голем број на тинејџери се навлезени во криминал од пониско ниво, со
тоа што бараат експлоити и кракови за нивните омилени компјутерски игри. Некои
исто така бараат експлоити и вируси кои можат да се насочат против веб
страниците за социјално вмрежување кои се популарни кај младите. Некои потоа се
обидуваат да ги искористат личните податоци на корисничките
профили на овој начин.
Според Chris Boyd, обидите на тинејџерите да
заработат пари преку сајбер криминал, обично завршуваат без резултат, поради
нивните сиромашни технички способности.
{mosimage}
"Тие дури и не знаат доволно за да направат
една phishing алатка или алатка за напад како што треба," вели Kevin Hogan,
Менаџер во Symantec Security. "Сретнуваме phishing страници кои имаат
неисправни слики поради линкот, наместо да води до оригиналниот сајт, линкот
води до фајл на хард дискот C:".
Истражувачите на Symantec имаат собрано голем
број на примери на тинејџери кои успеале да си го оштетат својот компјутер, со
инфицирање од вируси кои самите ги направиле.
Според Chris Boyd, голем дел од младите
хакери се откриваат водени од желбата да добијат признание за нивните
експлоити. Тие се опседнати да направат видео за тоа што го направиле и да го
споделат на сервиси како YouTube. Таму се зачленуваат со корисничко име кое е
користено за хакнување на страницата, нападот, експлоитот и сл. Многу од нив
ставаат лични фотографии и лични податоци на нивните кориснички профили и на
тој начин значително ја олеснуваат работата на сигурносните експерти за да ги
пронајдат и за да ги затворат.
Matthew Bevan, рехабилитиран хакер кој бил
уапсен како тинејџер и обвинет за неговите експлоити, вели дека не е воопшто
изненаден поради тоа што младите луѓе се повеќе се навлекуваат на сајбер
криминал.
"Тука се работи за возбудата и моќта да
докажат дека се некој и нешто. Ова го објаснува фактот што се регистрираат под
истoто корисничко име, иако тоа претходно е компромитирано. Целта на тоа што
го прават е да се здобијат со слава во рамките на нивната возрасна група. Тие
поминуваат месеци или години во развивање на нивниот статус, и од тоа не сакаат
лесно да се откажат." – додава Bevan.
Graham Robb, член на Правниот одбор за млади,
вели дека младите мора да ги проценат ризиците со кои се соочуваат со
навлегувањето во сајбер криминалот. Ако добијат криминално досие, тоа ќе си го
носат со себе. Бирото за криминални досиеја ќе го извади досието и тоа може да
значи неможност за добивање на работно место.
Секој што бил уапсен и осудуван за сериозен
криминал, ќе си го "носи на грб" криминалното досие до крајот на животот. Токму затоа
младите треба да го проценат ефектот од нивните дејствија преку интернет или
нивниот компјутер. "Дали ќе можат да живеат со фактот дека направиле штета
на други луѓе? Тие не мислат дека некој ги губи своите пари или заштеди со тоа
што го прават. Едно дете да добие криминално досие е најлошиот потег од негова
страна" – вели Graham Robb.






