Ако ви се здодевни обичните апликации за временска прогноза, пробајте ја Carrot

во Вести

Carrot Weather е апликација која ќе се обиде и да ве насмее и да ви каже какво е времето надвор. По подолго време во бета, апликацијата и официјално е достапна на Android.

Она што ја прави апликацијата различна е обидот преку злобниот AI глас на Carrot апликацијата да ве информира за времето. Carrot, мрази луѓе, и тоа треба да ве насмее. Ако смеењето не е баш секогаш успешно, прогнозата на времето е прилично точна. Додуша времето во Скопје неделава баш и не е тешко да се погоди, но Carrot беше ок со часовите кога врнеше и помалку заладуваше.

Најверојатно најголемиот пропуст е ужасниот синтетизиран глас. Ако не ви се допаѓа карактерот на AI може да го промените, достапни се 4, а некои се посмешни од другите. Друго и можеби поважно во време кога има куп одлични апликации, Carrot Weather доаѓа со претплата од 4 долари годишно. Ова не е премногу, но секако има и поевтини, а и подобри апликации.

Сепак ако другите апликации ви здодеаја и сакате малку да промените тестирајте ја Carrot. Апликацијата одамна е достапна на iOS.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk