Cloud gaming е најновото нешто што се претстави вчера на Gamers Developers Conference. Проектот кој може сериозно да ги промени работите во гејминг индустријата беше преставен од Onlive Inc. За што се работи? OnLive ја стрима било која видео игра сакате, т.е го пренесува видеото кон вас додека истовремено вие преку џоистик кој личи на тој на xBox 360 ги стримате контролите на ОnLive.
Бидејќи OnLive ви ја праќа видео сликата вие не мора да имате монструм компјутер со скапи делови кои сега ви се потребни за да ги пуштите најновите игри. Се што е потребно за ова е мало апаратче за да може да се играат видео игрите на телевизор или компјутер со интернет конекција.
Наводно, бидејќи само демото било претставено, сликата т.е видеото било со 720 резолуција со 60 фрејма во секунда. Квалитетот на сликата исто така зависи и од брзината на интернетот. За стандарден квалитет се потребни 1.5 мегабити/с додека за HD се потребни 5+ мегабита/с.
Се надевам дека ќе видиме видео од како се тоа функционира, во меѓувреме ги има само овие слики.







