3 коментари 2 мин. читање 25 јули, 2019

Апликацијата AirCare сега е достапна во 7 држави во регионот

МојВоздух апликацијата која за глобалниот пазар е брендирана како AirCare и на поедноставен начин ни објаснува како е квалитетот на воздухот што го дишеме сега е достапна во 7 држави во регионот. Покрај Македонија апликацијата е достапна во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Хрватска. AirCare во Косово и Босна и Херцеговина пристигна порано од планираното.

Со најавата за надградбата пред околу еден месец, беше најавен и „влезот“ во Косово, но г. Јовановски тогаш најави дека ова ќе се случи пред крајот на летото. Влезот во Босна и Херцеговина беше планиран пред крајот на 2019 година. Сепак се чини дека AirCare успеа и порано од планираното да заврши со подготовките за овие пазари.

„Проширувањето во други земји го правиме постепено, и секогаш воспоставуваме врска со локална невладина организација или граѓанска асоцијација за да ни помогнат во локализацијата и промовирањето. Веќе сме во контакт со партнери во Косово и се надевам дека до крај на летото Косово ќе биде активно во МојВоздух, а до крај на годината и Босна, Грција и Бугарија. Амбиции имаме и за ширење северно, но тоа останува за понатаму“, рече пред еден месец креаторот на Мој Воздух, Горјан Јовановски.

Со исклучок на Словенија, апликацијата сега е присутна во државите со најлош квалитет на воздух во регионот. Веројатно ако се оди според плановите на девелоперите пред крајот на годината сервисот ќе биде достапен и во Грција и Бугарија.

Мој воздух е достапна на Android и iOS и може да ја преземете на следните линкови:

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
marija
marija
1 year ago

moze li informacija za zagaduvanjeto vo karpos 4??? pokazuva nenormalno visoki vrednosti dali se tocni merenjata, Blagodaram pozdrav

Мени
Заедница
Изглед
To top