{mosimage}Ad-Aware, популарниот програм кој ги чисти злонамерните кодови и спајверот од вашиот компјутер по повод 10 години постоење објави нова, специјална верзија наречена Ad-Aware Anniversary Edition. Новата верзија е достапна во повеќе пакети по различни цени, но за домашна употреба како секогаш до сега е бесплатна.
Lavasoft, компанијата која го развива овој софтвер тврди дека новата верзија поседува многу повеќе од нов и подобрен интерфејс. Според изјавите истакнати на нивниот сајт, оваа верзија користи помалку меморија за дури 74% и искористувањето на процесорската моќ за време на скенирањето е намалено за скоро 60%.
Ad-Aware Anniversary Edition скенира 36 мегабајти во 1 секунда, што споредено со сите други вакви софтвери е многу побрзо, дури 4 пати споредено со скенирањето кај бесплатниот AVG.
Ad-Aware Free Anniversary Edition може да се преземе на следниов линк.
{mosimage}
{mosimage}






