Acer го претстави првиот 17,3-инчен Chromebook

Image courtesy of Acer

Беше само прашање на време пред да го видиме првиот поголем Chromebook. Acer е првата компанија која претстави поголем Chromebook, Acer Chromebook 317.

Acer Chromebook 317 покрај 17,3-инчниот дисплеј, доаѓа со Intel Celeron процесор, а осветленоста на тастатурата ќе го направи уште полесно препознатлив. Секако жртва на поголемиот екран често е батеријата, па во овој случај хромбукот може да работи 10 часа помеѓу полнењето. Поголемите димензии се искористени и за зголемување на тачпадот со кој ќе се работи полесно. Уредот доаѓа со Intel Wi-Fi 6 технологија, која овозможува три пати поголема брзина во однос на стандардниот Wi-Fi 5.

За подобро слушачко искуство треба да помогнат двата звучници насочени нагоре, за кои Acer ветува дека ќе помогнат за подобро искуство при гледање филмови, но и при слушање музика. Chromebook 317 доаѓа со два USB 3.2 Type-C приклучоци, кои може да се користат за пренос на податоци, стримање видео, и полнење на батеријата. Дополнително има и два Type-A приклучоци, и можност за проширување на слободниот простор со microSD картичка.

Уредот ќе биде достапен веќе од следниот месец и основниот модел ќе доаѓа за 380 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk