0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2012

Acer го престави својот Windows 8 таблет компјутер Iconia W700

Како што се доближува излегувањето на Windows 8,  така можеме да видиме се повеќе и повеќе таблет комјутери кои ќе го подржуваат овој нов оперативен систем. Meѓу нив се вбројува и Iconia W700 на Acer.

Новата серија таблет компјутери на Acer е наречена Iconia W700 и ќе доаѓа во три конфигурации. Основната и најевтина чини 800 долари а содржи i3-3217 процесор на 1,8 GHz и, кога станува збор за таблет компјутери, веќе стандардниот Intel HD 4000 графички процесор. Екранот е 11,6-инчи и резолуција 1080p и однос 16:9. Надградбата на процесорот е овозможена до i5-3317 1,8GHz процесор за што се доплаќа 100 долари. Околу 100 долари ќе мора да додадете и доколку саката SSD од 128GB.

[youtube]8QhmSi9WOtY[/youtube]

За поврзување се користат USB 3.0 порта и Micro HDMI порта, а има и микроSD слот. Уредите се поврзуваат безжично преку Bluetooth или WiFi. Предната и задната камера се речиси стандардни кај поскапите таблет уреди  и W700 не се разликува од останатите. Задната камера е 5-мегапиксели со 1080p видео, а предната е од 1 мегапиксел. Acer ветува дека батеријата ќе трае 8 часа.

Iconia W700 доаѓа со неколку дополнителни елементи кои за чудо се бесплатни докот, на себе има уште три USB 3.0 порти, а Bluetooth тастатурата дозволува користење на таблeтот како лаптоп компјутер.

Tаблет комјутерор ќе биде достапен од 26 октомври, најпрво во САД и Канада, а потоа и во останатите држави.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top