„Оваа бројка ги надмина нашите очекувања, а тоа е уште една потврда дека во Македонија постојат многу млади ентузијасти кои што се подготвени да придонесат со својата иновативност во обезбедување на повеќе вредност за сите македонски граѓани при користењето на ваков вид на паметни телефони.“ вели Никола Љушев извршниот директор на Vip.
Сега следува втората фаза. Програмерите имаат до 1 август да ги изработат апликациите, односно истите да функционираат и да се пријават на Android пазарот и кај Vip. А потоа од 01.08 до 20.09 ќе се избираат најдобрите, најкреативните и иновативни апликации и ќе се прогласи победникот.
Повеќе за натпреварот можете да најдете на форумот на IT.com.mk или на android.vip.mk.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.