Proxiad SEE, дел од европската Proxiad Group, одбележува значаен момент во развојот на своето присуство во Северна Македонија – скопскиот тим достигна 50 вработени. Јубилејот беше одбележан со заедничка прослава во петок, 25 септември.
Педесетчлениот тим претставува значаен чекор во развојот на канцеларијата, која Proxiad ја отвори во Скопје во 2022 година како дел од својата експанзија надвор од Бугарија. Со отворањето на скопската канцеларија, Proxiad го прошири своето регионално присуство и создаде дополнителен центар за развој на софтвер и ИТ експертиза за меѓународни клиенти.
Од првиот вработен во Македонија во 2022 година, до отворање на канцеларии во 2023, тимот постепено прерасна во заедница од 50 професионалци кои денес учествуваат во развој и одржување на софтверски решенија за клиенти од различни индустрии, меѓу кои здравство, финансии, транспорт и логистика и procurement.
Скопје како дел од регионалниот раст на Proxiad SEE
„Педесет луѓе во Скопје не е само бројка – тоа е доказ за она што тимот го изгради во изминатите неколку години. Кога првпат дојдовме до идејата за отворање канцеларија во Скопје, пред нас имаше многу предизвици и неизвесности. Но, успеавме да ги најдеме вистинските луѓе кои ја препознаа визијата и со својот труд, посветеност и енергија помогнаа да ја создадеме целата оваа приказна.
Отворањето на канцеларијата во 2023 година беше стратешки чекор за Proxiad SEE, прв надвор од Бугарија, а денес гледаме како таа одлука прерасна во стабилно и значајно присуство во регионот. За мене лично, огромен успех е тоа што за толку краток период денес гледам 50 луѓе пред себе – тим кој заедно расте, се развива и создава реална вредност за нашите клиенти и партнери.
Зад овие 50 луѓе стојат технологија, експертиза, проекти, но пред сè – луѓе кои го направија овој успех возможен. Горд сум на она што го постигнаа нашите колеги во Скопје и на придонесот што го имаат во нашите проекти и партнерства. Скопје денес е интегриран дел од нашата delivery организација и веруваме дека во наредните години ќе има уште поголема улога во развојот на нашата регионална експертиза.
Ова е важна пресвртница за нас, но воедно и само почеток на една нова фаза. Се надевам дека во периодот што следи ќе постигнеме уште поголеми успеси, ќе продолжиме да растеме како тим и заедно ќе ја пишуваме следната глава од оваа приказна.“
– Александар Милев, Managing Director на Proxiad SEE

Растот на Скопје воедно се одвива паралелно со проширувањето на услугите на Proxiad SEE – од software development и dedicated teams, до data analysis и AI решенија. Следната фаза на развој е насочена кон понатамошно градење на технолошката експертиза и нови меѓународни партнерства, при што скопскиот тим има сè поголема улога во регионалната delivery организација.
Од развој на софтвер до AI и data решенија
Компанијата развива прилагодени софтверски решенија од концепт и архитектура до имплементација и долгорочна поддршка, со експертиза во технологии како Java, .NET, Python, Go, React, Angular, Vue.js, EDI и AI/ML.
Во областа на data analysis, Proxiad SEE развива Qlik-базирани решенија кои ги интегрираат различните извори на податоци на клиентите и ги претвораат во практични деловни увиди. Компанијата има искуство со data решенија во фармацевтскиот и здравствениот сектор, вклучително и интеграција на pharmacy и Veeva податоци.
Во 2026 година, дополнителен фокус е ставен на Custom AI Agents – AI решенија дизајнирани за конкретни деловни процеси, со можност за интеграција во постојните системи и работа со податоци во контролирана средина. Пристапот на Proxiad SEE започнува со идентификување на конкретниот деловен проблем, проценка дали AI е соодветно решение и потоа интеграција, тестирање и поддршка на решението.
Еден од примерите е проект во здравството во кој тим од повеќе од 45 професионалци развива AI агент за автоматско мапирање на податоци од различни медицински уреди. Решението е дизајнирано да го автоматизира процесот на мапирање и да им овозможи на биомедицинските инженери да се фокусираат на проверка и валидација наместо на повторливи рачни задачи.

Proxiad SEE има и искуство во развој на софтвер за медицински уреди и клинички средини, вклучително и web апликации, .NET backend решенија и C++ интеграции со hardware, како и системи за континуирано следење на податоци во болничка средина.
Технологијата како дел од долгорочни партнерства
Покрај проектниот развој, Proxiad SEE гради долгорочни партнерства со компании на кои им обезбедува dedicated engineering и delivery капацитет.
Еден пример е B2B procurement проект кој започнал со тим од девет програмери во 2006 година и низ годините прераснал во тим од 45 професионалци во развој, интеграција и консалтинг. Континуитетот на оваа соработка, која трае околу две децении, е пример за моделот на долгорочна технолошка партнерска поддршка што компанијата го применува со своите клиенти.

Покрај услугите за клиенти, Proxiad SEE развива и сопствени софтверски производи. Desk Buddy е платформа за управување со хибридни работни простори која овозможува резервирање бироа, конференциски простории и паркинг места и се интегрира со алатки како Microsoft Teams, Slack, Outlook, Okta, Office 365 и Google Workspace. Меѓу компаниите кои се прикажани како корисници на платформата се Novo Nordisk, Nuvei, emerchantpay и Phoenix Pharma.
Другиот сопствен производ, GROW, е решение за performance management и goal setting кое им овозможува на организациите да поставуваат цели, да следат напредок, да спроведуваат евалуации и да го поддржуваат континуираниот развој на вработените.
За Proxiad SEE
Proxiad SEE е европска компанија за IT консалтинг, софтверски развој и nearshore engineering, дел од Proxiad Group. Компанијата е основана во 2005 година и денес има три канцеларии во Југоисточна Европа – Софија, Пловдив и Скопје, од каде обезбедува технолошка експертиза и engineering капацитет за меѓународни клиенти.
Компанијата има 270 професионалци, 31 активен клиент, просечна должина на клиентските партнерства од осум години и шест клиенти од Fortune 500 Europe.
Proxiad Group има повеќе од 1.300 професионалци и меѓународно присуство, со 10 канцеларии во Франција и 5 меѓународни канцеларии, меѓу кои и канцелариите во Софија, Пловдив и Скопје.






Дискусија
Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...