Семејно насилство, помеѓу 18 и 24 часот во среда, Скопје и извршителот е маж од 31 до 45 години. Ова се податоците за некаков виртуелен најчест криминал во Македонија. Податоците доаѓаат од Kriminal.mk кој визуелно ја доловува сликата за криминал во Македонија.
Kriminal.mk е агрегатор на податоци за криминалот во Македонија. Податоците се собираат од Министерството за внатрешни работи. Главен извор е дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Овие билтени се ажурираат секојдневно и потоа податоците обработуваат и се креира прегледен графички приказ на криминалот во Македонија. Токму графичката прегледност е главната придобивка која корисниците ја имаат од Kriminal.mk. Покрај ова, посетителите може да прегледаат статистика за различни периоди. Така, минатата недела имало 906 настани на 157 локации, во кои се повредени 355 лица, 13 починале, а 481 се уапсени.
За Македонија статистиката покажува дека најголем дел од криминалот се случува во Скопје. Во период од 1 месец (од 26 јули, до 24 август 2026 година) во Скопје се забележани 276 настани. На второ место е Тетово со 57, па Гостивар со 42 настани. Листата топ 5 ја комплетираат Охрид со 38 и Куманово со 36. Што се однесува до возраста и полот, поголем дел од сторителите се мажи (1305), а на жени се 286 сторители на криминал. Според возраста 495 од сторителите се помеѓу 31 и 45 години, 402 се на возраст од 19 до 30 години, а 259 се на возраст од 46 до 60 години. Малолетни прекршители се 115.

Покрај овие средни вредности Криминал има одлична функционалност преку куп додадени филтри. Покрај периодот и локацијата, додаден е и филтер за статуси со кој настаните може да се поделат според повредени, починати и уапсени. Веројатно најинтересен е филтер за тип на криминал. Во него во десетина категории како „пожар“, „бесправно градење“ или „полови деликти“ се распределени различни категории на прекршоци.
Платформата криминал е креирана од Tehnika.mk, a идејата е да се зголеми јавното сознание за криминалот во Македонија. Креаторите на платформата се надеваат дека информираноста и транспарентноста ќе ја намалат стапката на криминал. Дополнително секој граѓанин ќе може да ја процени состојбата во својата околина.

Овој пристап овозможува граѓаните не само да бидат информирани, туку и подобро да ја запознаат безбедносната состојба во сопствените населби. Со олеснетиот пристап до податоците, Kriminal.mk има потенцијал да биде значајна алатка за подигање на јавна свест. Ваквиот тип на дигитални агрегатори има потенцијал да послужи и како основа за подлабоки анализи, социјални истражувања, па дури и превентивни полициски стратегии.
Со комбинирање на технологијата и отворените податоци, Kriminal.mk гo транформира статистичкиот материјал во јасен и подобар увид кој ќе биде покорисен за целата заедница.
Дискусија
Уште никој не искоментирал на темава, биди прв...