10 коментари 5 мин. читање

Што носи „Везилка“: Од македонски јазични модели до целосен екосистем за вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција веќе станува новата инфраструктура на глобалната економија, па така прашањето повеќе не е дали земјите ќе инвестираат во неа, туку колку брзо ќе успеат да изградат сопствен капацитет. На Балканот веќе се движат сериозни иницијативи – Бугарија инвестира во ВИ фабрики, Србија исто така агресивно гради сопствена инфраструктура преку суперкомпјутерски капацитети, а сега и Македонија прави досега најголем исчекор во оваа област.

Со официјалниот старт на проектот „Везилка“, земјата го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција, иницијатива што цели да стане клучна инфраструктура за развој на знаење, иновации и современи технолошки решенија. Проектот се реализира преку партнерство меѓу Владата, Министерството за дигитална трансформација, академската заедница и Европската Унија, а носител е Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Презентација на „Везилка“

Проектот е финансиран преку Horizon Europe и иницијативата EuroHPC Joint Undertaking, со што Македонија станува дел од европската мрежа на AI Factory Antennas. Практично, тоа значи дека земјата ќе добие пристап до ресурси кои досега беа резервирани за многу поголеми и технолошки понапредни држави: суперкомпјутери, големи податочни простори и инфраструктура за тренирање и тестирање ВИ модели.

Македонскиот јазик како како главен дел на проектот

Иако на прв поглед станува збор за инфраструктурен ВИ проект, една од неговите најважни компоненти е македонскиот јазик. 

„Везилка“ е директно насочена кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел кој ќе може да го користат институции, универзитети, компании и граѓани, а ова е значајно бидејќи најголем дел од денешните глобални ВИ системи функционираат доминантно на англиски јазик, а малите јазици често остануваат недоволно претставени или погрешно интерпретирани.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски посочи дека токму тука лежи стратешкото значење на проектот.

„Европа јасно препозна дека нејзината конкурентност нема да се мери само со патишта, железници или фабрики, туку со пристап до суперкомпјутери, дата центри, податоци, алгоритми и таленти,“ рече Андоновски за време на презентацијата на проектот.

Според него, приклучувањето кон европската мрежа значи дека домашните истражувачи, компании и стартапи конечно ќе добијат пристап до инфраструктура што до вчера беше достапна само за најразвиените европски економии.

Стефан Андоновски

Андоновски дополнително додаде дека дигиталното присуство на македонскиот јазик денес е прашање и на културен суверенитет. „Во ерата на вештачката интелигенција, дигиталното присуство на македонскиот јазик станува прашање на заштита на македонскиот културен идентитет,“ рече тој.

ВИ што ќе го разбира локалниот контекст

Проектниот лидер, проф. Димитар Трајанов од ФИНКИ порача дека главниот предизвик не е само технологијата, туку брзината со која државата ќе успее да се организира.

„Главното прашање е зошто сега? Моментално светот се наоѓа во фаза на драстична промена и пред нас има технологија што има моќ да смени огромен број од работите што ги правиме,“ рече тој.

Според него, една од најголемите придобивки ќе биде создавање модели кои навистина го разбираат локалниот контекст. „Мора да имаме модел што добро работи на македонски јазик, ги знае локалните закони и прописи и може правилно да одговара на прашања,“ објасни Трајанов, додавајќи дека ова е важно за јавната администрација, правниот сектор и образованието, каде што контекстот и прецизноста се клучни.

За таа цел, Службениот весник на Македонија, Собранието, МАНУ, Националната и универзитетска библиотека, како и институтите за македонски јазик и литература веќе се вклучени во создавање квалитетна база на податоци, каде ќе влезат законски и подзаконски акти, стручна литература и други релевантни содржини.

Проф. Димитар Трајанов (ФИНКИ)

Дополнително, и граѓаните ќе можат да придонесат преку прикачување дигитализирани книги, магистерски и докторски трудови, со што директно ќе помогнат во збогатување на македонскиот дигитален корпус.

Имплементација во клучни области како здравство и енергетика

Вредноста на „Везилка“ изнесува околу шест милиони евра, при што најголемиот дел од средствата доаѓаат како грант од Европската унија. Евроамбасадорот Михалис Рокас нагласи дека амбициите на проектот се истовремено практични и трансформативни.

„Неговите амбиции се и практични и трансформативни во здравството, со цел да поддржи напредна дијагностика и персонализирана медицинска грижа. Во енергетиката, ќе придонесе за попаметни енергетски мрежи, интеграција на обновливи извори на енергија и предиктивно одржување. Во земјоделството, ќе им помогне на земјоделците да носат подобри одлуки и да ја подобрат одржливоста, како и во јавната администрација. Ќе ги зајакне дигиталните јавни услуги и ќе ја подобри ефикасноста и за граѓаните и за бизнисите,“ истанкна Рокас.

Тој посочи и на поврзаноста со грчката ВИ фабрика Pharos и суперкомпјутерот Daedalus, што дополнително ќе им овозможи на македонските истражувачи и стартапи пристап до компјутерски ресурси од светска класа.

Истовремено, премиерот Христијан Мицкоски го нагласи и економскиот потенцијал на иницијативата. “Проектот ќе овозможи идеи создадени овде да добијат можност да се натпреваруваат на европско и глобално ниво. Тоа претставува силен поттик за економски раст и отворање на нови работни места, како и за создавање нови можности за генерациите што доаѓаат,“ рече Мицкоски.

Според Трајанов, пак, ова е и проектот каде што сите заедно треба да учествуваме за да бидеме конкуренти и да исчекориме понапред од нашата околина. 

“Имаме доволно податоци и реално можност да направиме корист за државата бидејќи во системот веќе има доволно квалитетни податоци. Една од најзначајните работи ќе биде градењето на модели за вештачка интелигенција кои што ќе бидат базирани на македонски јазик,“ додаде професорот од ФИНКИ.

Сумирано, од сето она што беше презентирано се добива впечатокот дека „Везилка“ во моментов претставува едно навистина амбициозно инфраструктурно ветување. Вистинскиот тест, пак, доаѓа допрва, а тоа е дали околу неа ќе се создаде доволно силен екосистем од истражувачи, инженери, стартапи и институции што ќе го претворат сето ова во реални производи и услуги.

Напишано од

Бојан е фриленс новинар кој повеќе од една деценија обработува теми од областите на технологијата и бизнис во земјите од Западниот Балкан. Неговите стории се објавувани во глобални медиуми како што се Foreign Policy, Wall Street Journal, ZDNet и Oxford Analytica.

Forum replies (10)Kоментари на статија (0)

Се вчитуваат нови одговори…

Enquito

poweruser

2,634 пораки 1,799 лајк

Уште една институција за партиски вработувања на Вмрото од чистачка до директор.

одговори Лајк

Pane24

GpuHardware

6,494 пораки 7,785 лајк

Ме интересира баш за која намена ќе биде Везилка?

одговори Лајк

xenon

εικονοκλάστης

4,794 пораки 12,807 лајк

Лична карта и финансиска структура​

  • Целосен наслов на грантот: VEZILKA — The North Macedonia AI Antenna Factory (Број на проект: 101263128).
  • Повикувачка линија: HORIZON-JU-EUROHPC-2025-AIFA-01 (Research and Innovation Action - RIA).
  • Вкупен буџет: Околу 6,2 милиони евра.
    • ~3,1 милиони евра се грант директно од Европската Унија (EuroHPC JU / Horizon Europe).
    • ~3,1 милиони евра се национално кофинансирање (Влада/Министерство за дигитална трансформација) и сопствено учество на УКИМ/ФИНКИ.
  • Времетраење: 36 месеци (3 години), со официјален почеток во април 2026 година.
  • Организациска поставеност: Главен координатор е ФИНКИ (УКИМ), предводен од проф. д-р Димитар Трајанов (координатор), проф. д-р Боро Јакимовски (технички раководител) и проф. д-р Анастас Мишев (регионални партнерства).

Што е „Везилка“ во техничка и европска смисла?​

Во рамките на политиката на ЕУ за вештачка интелигенција, Европа гради т.н. AI Factories (Фабрики за ВИ) во земјите со голема суперкомпјутерска инфраструктура, при што помалите земји се поврзуваат преку AI Antennas (ВИ Антени).

  • Не е независен суперкомпјутер: Македонија преку овој проект не купува сопствен суперкомпјутер од гигаватни размери, туку „Везилка“ служи како национален пристапен јазол/антена.
  • Партнерство со Грција (Pharos AI Factory): „Везилка“ е стратешки поврзана со грчката фабрика за ВИ Pharos. Преку оваа врска, македонските истражувачи и стартапи добиваат законски резервиран пристап до европскиот суперкомпјутер „Daedalus“ (Дедал) сместен во Грција, како и до други ресурси во EuroHPC мрежата.
  • Локална поддршка и експертиза: Наместо само да плаќа за клауд ресурси, ФИНКИ го обезбедува знаењето (над 60 доктори на науки и PhD студенти во ВИ) за да им помогне на локалните компании, државни органи и истражувачи да ги оптимизираат своите алгоритми за тие суперкомпјутери.

Оперативна поделба на работните пакети (Work Packages)​

Работата на проектот е поделена во 6 конкретни сектори кои ги покриваат реалните испораки (deliverables) на грантот:

  1. WP1 (Координација): Управување со буџетот, администрацијата и ЕУ извештаите (проф. Димитар Трајанов).
  2. WP2 (Инфраструктура и интер-операбилност): Поврзување на локалниот GPGPU кластер на ФИНКИ со EuroHPC мрежата и системската интеграција (проф. Ѓорѓи Маџаров).
  3. WP3 (Корисничка поддршка): Helpdesk и консалтинг за стартапи, МСП и научници кои сакаат да користат ВИ (проф. Александра Дединец).
  4. WP4 (Обуки и вештини): Академии, курсеви за преквалификација и програми за дигитална писменост (проф. Игор Мишковски).
  5. WP5 (Специјализирани ВИ услуги): Развој на применливи AI модели за специфични сектори: македонски јазични модели (LLM), здравство, енергетика, земјоделство и јавна администрација (проф. Ристе Стојанов).
  6. WP6 (Комуникација и ширење резултати): Промоција и промотивни настани (проф. Бојана Котеска).

Суштински придобивки за заедницата​

Ако се тргне настрана политичката реторика, главните реални вредности од проектот се:

  • Македонски Large Language Model (LLM) и Large Dataset: Еден од клучните технички цели е собирање стандардизирани, чисти податоци за македонскиот јазик за тренирање отворени јазични модели (Open-source LLMs). Ова ги спречува комерцијалните глобални модели да го деградираат или погрешно да го преведуваат македонскиот јазик.
  • Пристап до скап хардвер за стартапи: Тренирањето на AI модели бара милиони евра во GPU процесори (напр. Nvidia H100/B200). Мали македонски компании тоа не можат да си го дозволат. Преку „Везилка“, тие добиваат бесплатен или субвенциониран пристап до европската инфраструктура.
  • Градење кадар (Upskilling): Спречување на одливот на мозоци преку вклучување млади инженерски кадри во европски научно-истражувачки проекти со соодветно финансирање.

Прагматични предизвици и ризици​

Иако проектот е сериозно конципиран, постојат неколку клучни предизвици во неговата тригодишна имплементација:

  1. Отворање на податоците од јавниот сектор (Open Data Problem): За да функционираат ВИ моделите во јавната администрација, земјоделството или здравството, државните институции мора да ги дигитализираат и отворат своите бази. Македонскиот јавен сектор историски бавно го прави ова поради бирократија и застарени софтверски системи.
  2. Ограничен капацитет на приватниот сектор: Голем дел од македонските мали и средни претпријатија (МСП) сè уште ги немаат совладано ни основните фази на дигитализација, па скокот кон користење на напредни AI суперкомпјутери ќе бара сериозна едукација.
  3. Ограниченост на времетраењето (3 години): По изминувањето на 36-те месеци од ЕУ грантот, прашањето е како „Везилка“ ќе се самоодржува финансиски — дали преку комерцијални услуги за индустријата или преку континуирано буџетско финансирање.Кога ќе го отстраниме слојот од владини соопштенија, сликања за медиуми и промотивни видеа, проектот „Везилка“ (ориентиран кон дигитализација, зачувување и дигитална достапност на културното и архиварското наследство) отвора низа занимливи, но и критични прашања.

Идејата за системска дигитализација е несомнено неопходна за Македонија — националното брзо пропаѓа во физичка форма поради лоши услови за складирање. Меѓутоа, аналитичарите, ИТ-стручњаците и заедницата на истражувачи укажуваат на неколку клучни точки каде проектот се соочува со предизвици.

Пропаганда наспроти функционалност за крајниот корисник​

Официјалниот наратив го претставува проектот како „голема дигитална револуција“. Но, од практичен аспект на истражувач или граѓанин:

  • Квалитет на пребарување (OCR и метаподатоци): Најголемата софтверска замка кај ваквите проекти е ако содржината се сведе само на скен (PDF/слика) без квалитетен текстуален OCR (препознавање текст) на кирилица и стари фонтови. Без квалитетни метаподатоци, базата станува дигитален депо-склад, а не пребарувачки ресурс.
  • Пристапност: Честопати платформите се лансираат со одлична почетна страница, но со нестабилни бази, спор одзив на серверите и ограничувања при симнување или преглед на материјалите во висока резолуција.

Јавни набавки, софтверски лиценци и одржливост​

Еден од најголемите ризици кај државните ИТ-проекти во Македонија е т.н. Vendor Lock-in (зависност од еден добавувач) и одржувањето:

  • Софтвер со отворен код (Open Source) vs. Приватни лиценци: Прашањето е дали системот е изграден на меѓународни отворени стандарди за архивирање (како Dublin Core или стандардите на Europeana) или е кориснички развиен од приватна фирма која подоцна ќе наплаќа огромни суми за секоја мала промена или одржување.
  • Што кога ќе заврши буџетот? Многу домашни проекти функционираат добро додека трае финансирањето (грантот или буџетската ставка). Штом ќе заврши промотивната фаза, институциите често немаат сопствен буџет за плаќање cloud-сервери, бекап системи и лиценци.

Човечки капацитети во институциите​

Технологијата е полесниот дел од равенката; луѓето се потешкиот:

  • Кадар во библиотеки и архиви: Состојбата со кадар во националните институции е десеткувана. Голем дел од вработените немаат соодветни дигитални вештини за индексирање и каталогизација според современи ИТ-стандарди.
  • Ниски плати во јавниот сектор: Недостатокот на ИТ-инженери и систем-администратори во државната администрација значи дека системот мора постојано да се потпира на надворешни компании дури и за основни технички дефекти.

Инфраструктура и заштита на податоци (Data Security)​

Каде се физички складирани дигитализираните податоци?

  • Cloud vs. On-Premises: Дали податоците се чуваат во национален податочен центар (Data Center) со соодветни протоколи за безбедност од сајбер-напади и заштита од пожар/поплава, или се користи закупен странски cloud сервис?
  • Редундантност (Backup): Дали постои секундарна географска локација со бекап копија? Дигитализацијата не значи ништо ако еден сајбер-напад или дефект на диск може да избрише години работа.

Резиме​

Проектот „Везилка“ ја има вистинската дијагноза — Македонија мора итно да го дигитализира своето наследство. Но, разликата меѓу успешен проект и Успешен PR се сведува на тоа дали по 5 години платформата ќе биде жива, пребарувачка и брза, или ќе стане уште еден изумрен државен веб-сајт со грешка 504 Gateway Timeout.

одговори 2 лајкови

click to expand...
Ragnar

poweruser

2,574 пораки 3,214 лајк

Со ова се приклучуваме како земја кон глобалната AI трка.

одговори Лајк

xenon

εικονοκλάστης

4,794 пораки 12,807 лајк

АИ трка? Мда. Везилка е интересна работа ако се изземе ПР наративот што го предимензионира и спинува цел момент за да ја избегне суштината која не е толку розева ниту заслужна фанфари. Од досега што е објавено, ова не е проект за македонски суперкомпјутер, не е наш AI дата центар и не е градење сопствена процесирачка инфраструктура (факт кој не е скриен, но е фино завиен, апропо спин). Искористен е небулозен термин "AI Factory Antenna" за нешто што е само акцес до Грчки супер-компјутер - именуван како европска AI инфраструктура и ресурси за развој и тренирање модели дрн дрн. Не дека ова е лошо, реално за држава со наша големина да купи/одржува сериозен кластер е огромна инвестиција. Проблемот е што во јавност се користат термини како "национална AI инфраструктура", "AI центар" и "екосистем" бла-бла па некој може да биде под импресија дека градиме нешто како што градат некои други. Не, не градиме.

Комплетната процесирачка моќ за тренирање модели ќе доаѓа преку европски ресурси конкретно преку партнерство со грчката "Pharos" т.е. суперкомпјутерот Daedalus. Ние ќе провајдираме податоци во форма на дигитализирани архиви (ќе скенираме). Со ваков аранжман реално е да се запрашаме колку реално ќе имаме пристап до тие ЕУ (грчки) ресурси? Колку/колкаво процесирачко време и под кои услови? И др. Сме гледале како завршуваат вакви ствари. На хартија стратегии, центри, агенции, комисии дрн-дрн во пракса 2-3јца хонорарци што ќе плетат во случајов скенираат а другите ќе се ладат по состаноци. Везилка ќе успее само ако голем број текстови и архиви стварно бидат дигитализирани, исчистени и искористени за тренинг на наш ЛЛМ (за деците да пишуваат поквалитетни писмени со Џипити)

Е сега, ние не правиме АИ инфраструкутра ама комшиите прават т.е. веќе имаат. Грчкиот го пишав горе (што ќе го пристапуваме), Бугарите уште 2021ва пуштија сопствен суперкомпјутер - Discoverer во Софија преку EuroHPC. Системот е физички кај нив, со околу 4,5 PFLOPS процесирачка моќ базиран на Atos BullSequana XH2000. Значи имаат нешто што реално стои кај нив и врз кое имаат директна контрола. Србија исто во 2021ва отвори национален суперкомпјутер во Крагуевац, базиран на NVIDIA DGX системи. Планираат и понатамошно проширување со NVIDIA H100 / Blackwell B200 GPU-а за AI. Разликата е прилично очигледна, они градат сопствена хардверска база, ние не, одиме на варијанта да користиме туѓа инфраструктура преку партнерства а се фалиме како да сме го откриле огнот.

одговори 2 лајкови

Ragnar

poweruser

2,574 пораки 3,214 лајк

Јас кога гледав за оваа работа конкретно ме интересираше јазичниот аспект односно проблемите со преводи на социјални мрежи како X каде погрешно се идентификува македонскиот јазик како бугарски, српски итн. Испадна дека тоа не е локален проблем, туку постои на глобално ниво со јазици кои се блиски.
Пребарувачите, социјалните мрежи итн. немаат намера да вложуваат посебни средства за полесно да се идентификува нашиот јазик, па ако не друго со Везилка ќе се реши тој проблем.
Исто уште тогаш приметив дека поимот АИ фабрика се користи од страна на Грците за нивниот Pharos проект. Е сега што ќе се изроди од ова ќе видиме, во секој случај звучи интересно и нешто што е потребно. Фаќаме некаков приклучок во АИ трката како што кажав, еве за сега со овој проект, а во зависност од резултатите може ќе вложиме и повеќе во иднина, којзнае. Интересен е и националниот дата центар, ама според првиве реакции може да настане проблем од повампирените 5G теоретичари на заговор...

одговори Лајк

stefan

lurker

682 пораки 530 лајк

Да , како електронски дневник што работи и мој термин така и ова ке го направат да работи ....

одговори Лајк

kirev

senior

9,079 пораки 7,766 лајк

Да , како електронски дневник што работи и мој термин така и ова ке го направат да работи ....

? И тоа и тоа работи. Туку да не те чекаат тебе да ги подобриш?

одговори Лајк

stefan

lurker

682 пораки 530 лајк

? И тоа и тоа работи. Туку да не те чекаат тебе да ги подобриш?

Да знам точно како им работат двата системи, кога ке се логираат повеќе корисници на нивните логин форми им паѓа ,крешира backedend , кодот не е воопшто оптимизиран.

Не знам дали мене ме чекаат или тебе или некое junior девелоперче, јас да го работев проектот ке посветев малку повеќе внимание на backend .

одговори Лајк

kirev

senior

9,079 пораки 7,766 лајк

Важно функционира. Не чепкај ако работи. И тоа 20 години? Не работи и Везилка толку долго… Ама изгледа само ќе послужи да им се дадат податоците без пари на ружниот сосед

одговори 1 Like

Коментари

Дискусијата продолжува во поврзаната форумска тема.

Отвори ја темата и коментирај
Мени
Заедница
Изглед
To top