Guild Wars Reforged: Една цена, три епски приказни

во гејминг

По две незаборавни децении од првичното појавување, една од највлијателните MMORPG игри станува ревитализана со Guild Wars Reforged. ArenaNet, во соработка со партнерското студио 2weeks, кое е составено од поранешни вработени на оригиналниот тим, ја реиздаде култната игра со многу љубов и внимание. Проектот Reforged всушност претставува техничка модернизација на класичниот наслов. Пвичната цел е да се прилагоди старата инфраструктура на играта за современиот хардвер, но и со моментните навиките на денешните гејмери.

За постоечките сопственици на играта, надградбата е бесплатна, а за новите играчи цената е поставена 20 евра – навистина не е висока цената, особено кога ќе земете во предвид дека сите главни експанзии се консолидирани во една целина.

Првото нешто што ќе забележите во Reforged е целосната поддршка за контролери, нешто што е овозможено преку XInput стандардот. По автоматизам, ваквото нешто ја прави играта и да биде верификувана за Steam Deck. Како некои кои ја имаат со години играно играта со глувче и тастатура, особено не израдува фактот што можеме одново да навлеземе во играта на целосно нов начин. Покрај контролите, ни графиката не е занемарена, вклучувајќи поддршка за монитори со висока резолуција, нешто што претходно беше проблем кај модерните 4K екрани. Додадени се и нови anti-aliasing опции, подобрено осветлување преку bloom, амбиентална оклузија за подобра длабочина на сенките, како и поквалитетни икони за вештините. Најдобриот дел, според нас, е новиот систем за следење на мисиите, нешто што беше голем проблем порано за навигација низ светот.

Како што напоменавме, основната верзија на Guild Wars Reforge е далеку од основна и е, всушност пакет кој опфаќа три масивни кампањи: Prophecies, Factions и Nightfall. Доколку никогаш не сте ја играле, Guild Wars се потпира на силен наратив кој се одвива во инстанци. Дејството е сместено во сега-познатиот свет на Тирија, опфаќајќи различни континенти и теми. Секоја кампања се одликува со уникатна атмосфера, непријатели и визуелен идентитет. Разликата сега е во тоа што сите се обединети во едно кохезивно искуство.

За разлика од повеќето игри кои бараат бескрајно грајндање за опрема, Guild Wars ви дозволува да изберете две професии. Со примарната и секундарната професија добивате пристап до стотици вештини, иако, во битка може да користите само осум од нив. Некои гледаат на ова како на ограничување, но некои гледаат на ова како да барање за длабоко тактичко планирање и синергија помеѓу членовите на тимот. Благодарение на квалитетниот системот на херои и платеници, соло играчите може да креираат и контролираат цела група со помош на вештачка интелигенција. Ова значи дека, иако GW e MMO, без проблем можете да си ја играте соло, од почетокот, па до крајот.

Иако се работи за игра која е „стара“ две децении, подобрената графика никако не е за потценување и може да сервира квалитетни висти, нешто што е двојно поимпресивно и поради уникатниот уметнички правец кој е познат по своите раскошни, сликани текстури и епски пејзажи, Музиката на Џереми Соул, која стана иконска за жанрот, е комбинирана со новоимплементираното 3D surround, нудејќи побогато просторно искуство, особено доколку навлегувате во светот со слушалки на глава.

Guild Wars Reforged не е ниту римастер ниту римејк, но исклучително моќна и крајно посакувана закрпа која сведочи ем за зачувување на една класика ем за огромна почит кон лојалната заедница. Независно дали сте стари или нови гејмери, Reforg е можност да навлезете во Тирија со модерни погодности и да го искусите еден од најтактичките системи за борба во историјата на MMORPG жанрот, без, притоа, да имате обврска за месечна претплата. Топла препорака да се провери или одново искуси играта!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk