1 коментар 1 мин. читање

Нe мора да симнувате торенти, Joker ќе ви ги стрима веднаш

Joker е веб сајт кој овозможува да стримате торенти директно, само преку магнет или торент линкот. Наместо да ги симнувате филмовите од пиратските сајтови, и да чекате да се симне филмот, треба само да го пастирате линкот на Joker и филмот ќе започне по 10-тина секунди. По кратко тестирање видовме дека Joker може да стрима Full HD во реално време, без лагирање. Но, со оглед на тоа дека станува збор за стрим од торент, квалитетот и брзината кои ги обезбедува Joker зависат од квалитетот на торентот, но и од бројот на сидери кој ја споделуваат содржината.

Joker е можеби неверојатен сервис, но прашање е дали ќе опстане откако ќе биде таргетиран од заштитниците на авторски права. Joker е сервис кој сепак зависи од пиратската содржина.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top