0 коментари 2 мин. читање

Google работи на технологија против ракот, но прво сака да ги поврзе сите со Google Fit

Google откри на Wall Street Journal Digital конференцијата дека во својата Х-лабораторијата работи на нанотехнологија која во комбинација со преносен компјутер ќе го детектира ракот одвнатре. Засега проектот е во рана фаза и се работи на проверка дали мали честички „магнетизирани“ со антитела можат да ја детектираат и нападнат болеста во почетен стадиум. Овие честички ќе се внесуваат преку апче и ќе се закачуваат на потенцијално болните клетки. Потоа преносниот компјутер ќе ги повика за да „дознае“ што се случува во телото, јави TechCrunch.

„Замислете го ова како мини-автономно возило. Можеме да го натераме да паркира каде сакаме“, вели Енрдју Конрад од Google.

Доколку се покаже како успешно тестирањето на наночестичките ќе овозможи постојано и едноставно надгледување на пациентите, без постојани лекарски контроли. Информациите за пациентите ќе доаѓаат до лекарите директно преку преносните компјутери. Проектот засега е во почетна фаза, а Google на проектот има над 100 астровизичари, хемичари и електроинженери кој работат на проектот за наночестички. „Сакаме да ја одложиме смрта со превенција на болеста“, додаде г. Конрад.

Дополнително Google оваа недела го претстави и противникот на Apple HealthKit, Google Fit App. Станува збор за централна апликација која ги надгледува вашите цели за фитнес, како и најразличните вежби кои ги правите во текот на денот, без разлика дали станува збор за возење велосипед, прошетка или трчање. Апликацијата дополнително го прибира сите податоци од останатите фитнес апликации и ги презентира резултатите на едно место. Google Fit е веќе достапен на Google Play, но има и своја веб верзија.

[youtube]1PZ2W-r35BM[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top