Star Wars: Episode I: Jedi Power Battles: римастер на класичната игра од пред 25 години!

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на класичната игра која беше вдомена во PlayStation, Dreamcast и Game Boy Advance.
  •  Сакате да играте со бројни ликови од Star Wars универзумот
  •  Имате мазохистички тенденции и сакате да видите колку тешки навистина биле игрите порано

Како големи фанови на Star Wars универзумот, со нетрпение го очекувавме излегувањето на римастерот за култната игра од 2000-та година. На времето, Star Wars: Episode I: Jedi Power Battles првично излезе за PlayStation, а, подоцна, и за Dreamcast и Game Boy Advance. За жал, играта не помина премногу добро од критичарите и беше често напаѓана како исклучително предизвикувачка и лошо избалансирана.

Со подобрени контроли и графика, како и нови херои, Aspyr реши да и вдахне на играта нов живот, нудејќи на модерниот гејмер поразлично искуство во ново руво.

Star Wars: Episode I: Jedi Power Battles сега е достапна на повеќе модерни платформи, вклучувајќи ги Nintendo Switch, PlayStation 4 и 5, Xbox One, Xbox Series X|S и PC.

Во едно време, многу многу одамна

Како што напоменавме, Star Wars: Episode I: Jedi Power Battles се одликува со подобрена графика, нови ликови и режими на игра, како и можност за играње во ко-оп режим. Дури и да сте ја играле оригиналната игра, римастерот нуди поразлично и проширено искуство. Во поглед на новитетите, првото нешто што ќе го забележите е можноста за високи резолуции, како и значителна надградба на текстурите.

Римастерот се заснова на изворниот код за Dreamcast верзијата

Можете да се управувате со најпознатите џедаи од „The Phantom Menace“, како што се Mace Windu, Obi-Wan Kenobi, Plo Koon, Adi Gallia и Qui-Gon Jinn. Управувањето е едноставно и се сведува на трчање, скокање, качување на препреку, комбио напади или ултимативна моќ. На почетокот, немате отклучено комбо напади туку е потребно да ги барате низ нивоата.

Не е се во трчање лево-десно и во одредени мисии ќе управувате и возила

Кога сме кај локациите, играта има 10 нивоа кои се одвиваат на познати локации како Theed Palace, Tatooine и Naboo. И покрај тоа што поминале 25 години, овие локации изгледаат прекрасно, иако комбинацијата од камерата и дизајнот може да ве збунат на моменти, принудувајќи ве да лутате насекаде само не во вистинскиот правец. Со секое комплетирање на ниво, пак, добивате надградба или на здравје или на одредена моќ.

Одбивањето напади со лајтсејберот е една од најсилните точки во играта

Star Wars Episode I: Jedi Power Battles содржи и нови ликови, како што се Darth Maul, Captain Panaka и Queen Amidala. Секој од ликовите се одликува со уникатни моќи. Нашата омилена и најагресивна моќ е способноста на Мејс Винду да се провлече низ толпата противници и да масакрира се што е во директна линија пред него. Паралелно со ова, ќе наидете и на нови непријатели, како што се Rifle Droid, Tusken Raider и Ishi Tib.

На располагање имате 22 херои, од кои 13 се целосно нови ликови. И да, пред да прашате, ќе можете да играте и со Џар Џар Бинкс.

Од една страна, Star Wars Episode I: Jedi Power Battles нуди едноставна, но солидна hack and slash акција која, споредено со оригиналот, подобро се управува, а и изгледа поубаво. Од друга страна, мака ни е што оваа игра ја нема опцијата да се инстантно прикажат старите текстури на оригиналот, нешто што многу ни се допадна во Legacy of Kain Soul Reaver 1&2 Remastered (прочитајте ја нашата рецензија тука).

Паралелно со ова, тешко ни беше да ја цениме неможноста за имање повеќе од еден сејв. Имено, ако играте со еден лик и, во некој момент сакате да играте со друг, морате да го избришете претходниот сејв и да почнете се од почеток. Разбираме дека така било и во оригиналот, но дефинитивно ќе не израдуваше можноста за засебни сејвови поврзани за различни ликови.

Најголемиот предизвик лежи во босовите. Нека ви е со среќа со нив, навистина ќе ви треба, особено во избегнување на нивните ударци

Платформските можности се меч со две острици исто така. Од една страна, интересно е тродимензионалното движење низ сајдскролинг осмислените околини, но потребно е правилно темпирање на скоковите. И покрај тоа што се контролите подобрени, сепак се бара одредено навикнување и прифаќање дека ова е, сепак, римастер на една стара игра која, сакале-несакале, се управува значително поразлично од модерните алтернативи.

Забавни фрустрации

И покрај горе-споменатите забелешки, Aspyr се имаат значително потрудено да и вдахнат втор живот на играта. Со подобрената графика, новите херои и режими на игра, како и можноста за играње во ко-оп режим, Star Wars Episode I: Jedi Power Battles е солиден, но, и понатаму, предизвикувачки избор за сите љубители на Star Wars универзумот. Независно од тоа, доколку имате пријател, шансите се дека ќе споделите многу фрустрирачки, но крајно забавни моменти.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Aspyr
  • ИздаваAspyr
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  23 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk